НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гонзалез: Лошо почнавме, добро завршивме

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот ракометен шампион одигра шампионски. Како феникс се издигна по бледиот вовед и по 60 минутна борба успеа да ја фрли на колена големата Барселона за континуитет на низата без пораз во Лигата на шампиони во оваа сезона на пет меча или вкупно 10 вклучувајќи ги и настапите во завршницата на ланското издание на елитно натпреварување на ЕХФ.

Барселона се слушаше во СЦ „Јане Сандански“ во воведните десетина минути во кои на трипати имаше два гола предност (0:2, 1:3, 2:4). Од 13. минута до 18. „црвено-црните“ направија серија од 5:0 што ја почна Циндриќ, а ја заврши Кањелјас, и го свртеа текот на дербито во своја корист и умешно го одржуваа во своја корист до крај. Го призна тоа по мечот и гостинскиот тренер.

„Честитки до Вардар и до Раул за одличната партија. Заслужена победа што можеше да биде изразена и со поголема разлика. Трите гола негатива не се вистински одраз на ситуацијата на терен. Направивме премногу грешки, а противникот знаеше да казни со лесни голови преку контри“, истакна Чави Пасквал.

Вуко Борозан беше прв „снајпер“ меѓу вардарци со шест гола, Македа вгради пет гола во четвртиот триумф на македонскиот и европски првак во групата А, Циндриќ и Дибиров постигнаа по четири. Одличен меѓу стативите беше Штербик кој забележа 14 интервенции. Ривера со осум погодоци беше најефикасен на средбата.

„Отворивме лошо, но набрзо успеавме да се консолидираме, да заиграме во одбрана и да преземеме контрола врз натпреварот и добро да завршиме. Одлично одигра и Барселона. За среќа направивме четири-пет гола вишок што направија да бидеме далеку подобри во продолжението. Но, ова е само еден меч, мора да останеме мирни и да се фокусираме на продолжение на сезоната“, истакна Раул Гонзалез.

Вардар е лидер во групата А со девет бода по пет кола (четири победи и реми). Во наредното коло (4 ноември), „црвео-црните“ ќе патуваат на мегдан на шведски Кристијанштад.

Вардар – Барселона 27:24 (16:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 5,500. Судии: Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис (двајцата од Литванија)

Вардар: Штербик (14 одбрани), Милиќ, Стоилов, Недановски, Кристопанс, Фереира Мораеш 1, Македа 5, Карачиќ 1, Абутовиќ. Кањелјас 1, Циндриќ 4, Чупиќ 2, Дибиров 4, Шишкарев 3, Борозан 6, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 1/4. Исклучувања: 10 минути.

Барселона: Перез де Варгас (13 одбрани), Ристовски, Томас 3, Ентрериос 5, Сораиндо, Бергоечеа, Ривера 8, Н’Гуесан 1, Шипжак 1, Ернандез Боргес, Доленец 2, Мем 2, Де Аргилја, Лене, Абело, Жалуз 2. Тренер: Чави Пасквал.

Седмерци: 5/5. Исклучувања: 6 минути.

Лига на шампиони, група А, 5 коло

Вардар – Барселона 27:24

Нант – Кристијанштад 34:25

Рајн Некар Левен – ППД Загреб 31:24

Висла Плоцк – ПИК Сегед 27:33

Табела: Вардар 9, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Барселона 7, Нант 5, ППД Загреб 2, Висла Плоцк 1, Кристијанштад 1.

Идно коло: Кристијанштад – Вардар, Рајн Некар Левен – ПИК Сегед, Барселона – ППД Загреб, Висла Плоцк – Нант.

Барселона Вардар Лига на шампиони ракомет Раул Гонзалез
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.