Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гори во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа

0
By НОВА ТВ on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 17:58

ЦУК аперлира – ако забележите чад или оган веднаш пријавете.

Во земјава има шест активни пожари. Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а чадење со помал интензитет се гледа кај Осој, на линијата меѓу селата Буковиќ кон Чајлане. Интервенираат десетина лица од ловиште „Јасен“, соопшти денеска Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На редовната попладневна прес-конференција за состојбата со пожарите до 17 часот, Вчкова информира дека е активен пожарот во атартот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Се работи за непристапен терен, а пожарот е активен, но е со многу слаб интензитет и сега за сега нема опасност од проширување. Таму интервенираат вработени од Шумско стопанство од Прилеп.

-На патот Ново Село-Мокриово има нов пожар, каде се опожарени овоштарници и сува трева. Дејствуваат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица, рече В’чкова.

Се уште е активен пожарот кај село Нивичино, Струмичко. Гори нискостеблеста дабова, букова и габерова шума. Пожарот го гаснат екипи од Територијалната противпожарна единица од Струмица и од Шумско стопанство Беласица.

-Истиов пожар кој започна на територија на општина Струмица се пренесе на територија на општина Берово, во месноста Готен. Во моментов е со слаб интензитет, на непристапен висок терен. Се работи за приземјен пожар каде гори деградирана шума, сува трева и деградирани шумски растенија. Засега не постои можност за проширување на пожарот, а интервенираат екипи од ШС Малешево – Берово, рече В’чкова.

Пожар има и на дива депонија во општина Центар Жупа, меѓу селата Бајрамовци и Црно Боци. Интервенира ТТПЕ од Дебар.

Под контрола е пожарот во атарот на село Држилово, општина Сопиште. Екипи од ШС Караџица и месно население или 30-тина лица се на терен и го гаснат пожарот.

Од ЦУК апелираат граѓаните ако забележат чад или оган, веднаш да пријават во најблиската надлежна институција или на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК- 195. Апелираат овој број да не се злоуппотребува за лажни повици.

беровско пожари Прилепско скопско струмичко Центар Жупа ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.