Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје го стопира БРТ на Шилегов, одлуката за СДСМ е скандалозна, за ВМРО, пак, е проект за сомнежи за корупција

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го стопира меѓународниот тендер за изградба на БРТ во главниот град. Образложението на одлуката е дека проектот ќе трае предолго и оти на метрополата ѝ се неопходни брзи и ефикасни решенија во делот на јавниот превоз, но и оти во проектот БРТ се регистрирани недостатоци и ризици по животната средина.

Самата траса на БРТ на булеварот Партизански одреди минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град. Покрај тоа, доколку се реализира БРТ, градот ќе остане без голем број дрвја и зеленило, што секако лошо ќе влијае на животната средина, велат од Град Скопје од каде додаваат дека затоа и нема пристигнато понуди.

Проектот БРТ во Скопје беше причина за денешните препукувања меѓу власта и опозицијата. Стопирањето на тендерот, за кој со ЕБОР беше потпишан договор за кредит во износ од 70 милиони евра, за СДСМ е скандалозно.

Направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса. Беше потпишан и Договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси на БРТ системот. Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект кој што веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани, изјави Стефан Васев од владеачката СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, проектот бил наметнат нетранспарентно, со големи сомнежи за корупција, без јавна дебата, а тендерот бил објавен непосредно пред изборите. Од таму тврдат дека БРТ требало да се спроведе за 10 години и го делат ставот на Град Скопје дека на метрополата ѝ гтребаат брзи и ефикасни трешенија за јавниот превоз.

Проектот БРТ се однесува на автобуско метро или превоз независен од останатиот сообраќај, кој беше претставен од поранешниот градоначалник Петре Шилегов како екстра брз, навремен и целосно еколошки систем кој е планиран во две траси, а зеленилото е предвидено да се дуплира, според она што тој го најави. Сега, со негово стопирање, се поништуваат уште два проекта – едниот за оптимизирање на градските линии, а другиот за одржливост на јавниот превоз, проекти тешки над милион евра.

БРТ Град Скопје јавен превоз Македонија проект Стопирање тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.