Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје на јавен конкурс бара директори за шест градски претпријатија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните што имаат квалификации, знаење, па и желба да станат директори, сега имаат шанса да се обидат да го постигнат тоа. Град Скопје распиша јавен конкурс за избор на директори на шест јавни претпријатија од вкупно осум кои се во надлежност на градот. Оттаму велат дека ова се прави во согласност со законските прописи, кои меѓу другото пропишуваат дека функцијата вршител на должност, односно в.д. директор може да се извршува најдолго шест месеци.

Во моментов во тек се конкурси за избор на директори на јавните претпријатија „Градски паркинг“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, „Дрисла“ и „Лајка“. Нивните в.д. директори беа назначени во текот на декември минатата година, со исклучок на првиот човек на „Градски паркинг“ Бојан Христовски, кој беше именуван кон средината на јануари годинава, што значи дека мандатот им е при крај. Но, на крајот на декември градоначалничката Данела Арсовска го назначи за в.д. и директорот на „Комунална хигиена“, Зуди Енузи Кока, но за ова претпријатие не е распишан јавен конкурс, иако до истекот на неговиот мандат има уште еден месец. Од Градот не одговараат зошто ова претпријатие е исклучено од процедурата. Пред дваесетина дена пак, ЈСП „Скопје“ доби нов в.д. директор, втор по ред во мандатот на Арсовска, Александар Стојковски, на кој функцијата му е уште „тазе“, па веројатно за ова претпријатие јавен конкурс ќе има на есен.

Јавните конкурси за избор на директор во јавните претпријатија се објавуваат во согласност со член 19-а и член 23 од Законот за јавните претпријатија. На јавниот конкурс за избор на директор може да аплицира секој кандидат што ги исполнува условите наведени во конкурсот. Назначувањето на в.д. директор согласно Законот за јавните претпријатија, не може да трае повеќе од 6 месеци. Кога директорот е избран на јавното претпријатие, мандатот му трае 4 години – одговараат од Град Скопје.

Во објавените конкурси, кои траат до 15 јуни, се прецизирани и условите што треба да ги исполнат заинтересираните кандидати какви што се државјанство, соодветно образование, петгодишно работно искуство, меѓународен сертификат за активно познавање англиски јазик, а со овие документи мора да се достави и предлог програма за работа и развој на претпријатието за чие директорско место се аплицира.

Арсовска Град Скопје Македонија Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.