НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје никако не се откажува италијанската „ФЦЛ Амбиенте“

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неколку пресуди од Управниот и од Вишиот управен суд, Град Скопје не се откажува од италијанската компанија „ФЛЦ Амбиенте“ која во 2013 година го доби тендерот за модернизирање на депонијата „Дрисла“.

Иако Вишиот Управен суд на седница во декември минатата година и ја отфрлил жалбата на Град Скопје како недозволена, а ја одбил и жалбата на италијанската компанија како неоснована и ја потврдил пресудата на Управниот суд со која се вели дека повторно треба да се донесе одлука за избор на најповолна компанија, градските советници повторно ќе треба да гласаат за истата одлука.

По кој знае кој пат, утре на дневен ред на седницата на Градот ќе се најде одлука за избор на приватен партнер/содружник за вложување во Јавното претпријатие за депонирање на отпад на депонијата „Дрисла“.

Во образложението од материјалите, пишува „Од наведените причини се предлага Советот на Град Скопје да ја усвои одлуката за приватен партнер/содружник за вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад ‘Дрисла’- Скопје со цел вршење на концесиска дејност депонирање на отпад на депонијата Дрисла со кој ќе го избере Конзорциумот составен од ФЛЦ Амбиенте и УНИЕКО.

Од 38 точки на дневниот ред, оваа е ставена на 34 место веднаш пред информациите за загадувањето на воздухот.

Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ вели дека утре ќе побараат оваа точка да биде поместена на почетокот на седницата.

„Не знам зошто Град Скопје го прави ова кога во пресудата на Вишиот управен суд жалбата на Италијанците се отфрла како неоснована, а на Град Скопје како недозволена и се потврдува пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката на Градот со која ФЛЦ Амбиенте ја одбира како најповолен понудувач. Ние утре ќе бараме тендерот за концесија на Дрисла да се распише од почеток и целата постапка да се одвива јавно и транспарентно. Ќе побараме, оваа точка, заедно со информациите за загадувањето да се помести меѓу првите, кога новинарите можат да присуствуваат на седницата, а советниците ќе бидат концентрирани за работа“, вели Давчевски.

Според податоците на БИРН, ФЦЛ Амбиенте, која сега би требало да менаџира отпад од 600.000 домаќинства, нема никакво искуство во ова поле и е формирана само неколку дена пред крајниот рок за доставување понуди на тендерот.

И покрај недостаток на искуство, на оваа компанија ѝ беше дадена предност во однос на две светски водечки фирми,германската Шолц АГ и австриската АСА Интернешнел кои, исто така, се натпреваруваа на тендерот.

Сепак, истражувањето покажа дека ФЦЛ Амбиенте воопшто не била формирана како компанија во времето на првиот рок од тендерот, во јануари 2012. Рокот потоа е продолжен од градскиот Совет, по барање за повеќе време од страна на неименуван понудувач.

Двајца од понудувачите – Шолц Аг од Германија и АСА од Австрија за БИРН велат дека тие не барале повеќе време и дека нивните понуди биле доставени порано од првичниот рок. ФЦЛ Амбиенте одби да даде коментар.

Според документите од италијанскиот регистер на трговски друштва, ФЦЛ Амбиенте е формирана на 14 февруари 2012 година или само три дена пред тие и нивниот конзорциумски партнер – големата италијанска фирма Униеко да ја дадат својата понуда.

ФЦЛ Амбиенте е во сопственост на мрежа на компании на фирмата Ферацоли С.П.А., која според трговскиот регистар е мала компанија и работи како „финансиски посредник“, а во 2012 година имала обрт од 310.744 евра и профит од 7.715 евра.

Без искуството на Униеско во екологијата и градежништвото, како и профитите и обртите поголеми од 500 милиони евра, ФЦЛ Амбиенте не би можела да го обезбеди договорот за скопската депонија.

Па сепак, се чини, дека Униеко, освен со учеството на тендерот, нема понатамошна улога во проектот за Дрисла,. Компанијата дури не се појавува ниту како сопственик заедно со ФЦЛ Амбиенте во новата фирма за јавно-приватно партнерство, која е наменски формирана за да ја води депонијата.

Новата фирма Дрисла ДОО е во сопственост на Град Скопје и компанијата ФЦЛ Амбиенте МК ДООЕЛ, која, пак, е во целосна сопственост на ФЦЛ Амбиенте. Фирмата има 80 проценти сопственост во депонијата, додека градот има 20 проценти.

Документите на компанијата покажуваат дека ФЦЛ Амбиенте е во 99 проценти сопственост на Финансиариа Центро Лациа, а останатиот еден процент е во сопственост на Италија Консалтинг. Двете фирми се во 100 процентна сопственост на Ферацоли СПА.

Масимилијано Ферацоли, за кого на веб-страницата на Дрисла пишува дека е адвокат, има 80 проценти удели во оваа фирма, додека неговата сопруга Џована Мира има 20 проценти.

Град Скопје Дрисла одлука пресуда тужба ФЛЦ Амбиенте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.