Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонискиот регион иницираат промена на законот за тутун

0
By Mirjana on January 4, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 4, 2022 16:55

Како што најави изминатата недела градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, денес организираше координативен состанок во просториите на општината, на кој што присуствуваа градоначалниците на Општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Долнени и пратениците од Прилеп и Битола, додека пак градоначалниците на Кривогаштани и Крушево иако беа уредно поканети не присуствуваа на оваа средба.

За темата на состанокот и за целта која што сакаат да ја постигнат, свои изјави дадоа градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и пратеникот од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Градоначалникот Јовчески изјави дека според планот со останатите градоначалници и ветувањето од минатата средба со тутунарските здруженија денес се оствари оваа средба „ Денес во Општина Прилеп на моја иницијатива и на иницијатива на градоначалниците од регионот онаму каде што имаме тутунопроизводители и откуп на тутун, направивме состанок каде што се разговараше за откупот на тутунот, актуелната ниска цена и проблемот со увозот на тутун од страна. Воедно пред неколку денови остварив средба со здруженијата на тутунопроизводители каде што дојдовме до еден заклучок и тоа и го остваривме, се обративме со допис до државниот земјоделски инспекторат, да ангажираат што повеќе инспектори на откупните пунктови со што би се одбегнала можната манипулација. На оваа средба се присутни и пратениците од регионов, со кои што изготвуваме заедно предлог измени на законот за тутун кој што ќе биде доставен до собранието и ќе биде во прилог на тутунарите со тоа што ќе се забрани увозот на тутун од страна се додека не се откупи и последниот килограм од нашите тутунопроизводители кои што голем дел егзистираат од тоа“ истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Пратеникот Петар Ристески во својата изјава истакна „Најпрво сакам да ја поздравам оваа иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески и градоначалниците од Пелагонискиот регион, денеска на нивна покана сме присутни и пратениците  од ИЗ 4 со една цел да иницираме  до Собранието на РМ  промена на законот за тутун. Овој закон во 2019 година е изменет од СДСМ и ДУИ и прави проблем, пред се мислиме на забрана на увоз на тутун од страна, вклучување на договори со сите комитенти кои поднеле жалби да нема реваншизам кон тутунопроизводителите и да се зголеми контролата врз откупувачите од страна на државата бидејќи во овој момент голема е контролата од страна на откупувачите и се врши очигледен грабеж на тутунопроизводителите.

Оваа година имаме добар квалитет на производ, а се цени по слична цена како и лани. Морам да потенцирам дека минатата година оправдувањето на откупувачите беше дека има вишок на килограми на тутун, дека е со низок квалитет и цената достигна од 159 денари по кг тутун. Оваа година имаме спротивна состојба имаме помало производство, склучен е договор на 22 милиони кг, а досега се произведени 19 до 20 милиони кг и во една ваква ситуација каде имаме недостаток на тутун, кога имаме производ со одличен квалитет цената повторно е многу ниска. Оттука упатуваме апел, ние пратениците и градоначалниците од овој регион до државниот земјоделски инспекторат и додека се откупени половина од производството на тутун во моментов се некаде до 10 милиони кг по цена приближна од 180 денари, а реалната цена би можела да биде 230 денари според условите во кои се наоѓаме и квалитетот на тутунот. Морам повторно да потенцирам дека во време на Владата на ВМРО – ДПМНЕ се исплаќаа 150/ 160 милиони евра во субвенции. Ова не било случајно во тоа време да се исплаќаат 150/ 160 милиони евра во субвенции, туку се следеле европскиот просек од ЕУ за вложување во субвенции во земјоделството. Сега имаме намалени субвенции,а буџетот е рапидно зголемен. Како пратеници даваме несебична поддршка бидејќи станува збор за 30 илјади семејства тоа се повеќе од 100 илјади граѓани кои директно егзистираат од тутунопроизводството“.

Исто така пратеникот Ристески посочи дека имаат информации дека се дозволува нелегалелен влез на тутун од Албанија и Бугарија, по евтина цена од 60 до 90 денари и плус тој тутун се продава овде во Македонија и за него се земаат субвенции од државата што претставувало класичен шверц.

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК Прилеп ПРОМЕНИ ЗАКОН ЗА ТУТУН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.