Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните повикуваат на бојкот на маркетите во петок на 31 јануари

0
By Marija Todorovska on January 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2025 12:25

Хрватите го „разбудија“ регионот, а на социјалните мрежи се шири повик за бојкот и на македонските трговци за в петок – 31 јануари. Бојкот ќе има во БиХ и Црна Гора.

Соња Кириџиевска

Насловен како „Попусто попусти“, македонските граѓани на социјалните мрежи. се повикуваат конечно да им кажат „НЕ“ на енормните покачувања на цените во маркетите. Изминативе години, се спроведуваа разни мерки за запирање на инфлацијата, се замрзнуваа цените и маржите, а лани обидите продолжија крстени како кошнички за да се пазари поевтино. Од сето тоа ниту инфлацијата се намали, ниту цените се стабилизираа, а доказ е декемвриската инфалција која стигна до 4,4 отсто за една година

Во повиците на социјалните мрежи, граѓаните апелираат деновиве снабдувањето со основните продукти како овошје, зеленчук, леб и месо да биде од пазари, пекарници и месарници, наместо волуменско купување од маркетите ден пред бојкотот, за бојкотот да има вистинско влијание.

Според претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, овој повик за бојкот е повеќе од важен. Сепак, таа предупредува дека граѓаните не би требало претходно да ги преполнат маркетите, затоа што не гледа причина зошто би функционирал протестот.

 

И од СДСМ се огласија со коментар дека „неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот“.

 Повикуваме на тоа Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицкоски да сфати дека треба да работи во интерес на граѓаните, економската состојба е крајно алармантна“, порачаа од опозициската партија.

Досега немаше ваква иницијатива во нашата земја, иако според платите и цените во трговијата, досега граѓаните барем три пати, ќе требаше да го изразат своето мислење дури и на протест. Изминативе години, се спроведуваа разни мерки за запирање на инфлацијата, се замрзнуваа цените и маржите, а лани обидите продолжија крстени како кошнички за да се пазари поевтино. Од сето тоа ниту инфлацијата се намали, ниту цените се стабилизираа, а доказ е декемвриската инфалција која стигна до 4,4 отсто за една година.

На 31 јануари и босанските потрошувачи се повикани да не влегуваат во дуќаните, а Хрватите, нивниот протест за тој ден го прошируваат и на банките и телекомуникациските компании.

Имено, платформата „Ало инспекторе“, која го дигна бајракот минатиот петок, сега ги повикува граѓаните во петок целосно да престанат да купуваат во продавници и онлајн, ресторани и бензински пумпи. Тие бараат и еднонеделен бојкот на три трговски синџири и купување на три производи од четврток.

На 31 јануари и Црногорците би требало да го изразат својот граѓански револт поради енормно високите цени на производите.

„Очекуваме дека потрошувачите ќе ја поддржат оваа идеја, бидејќи во крајна линија тоа е нивна идеја и предлог да се започне нов бојкот – поголем, посилен, и затоа го нарековме општ бојкот на шопинг во Хрватска“, изјави Јосип Келемен, советник на Здружението „Ало, инспекторе“. Крешимир Север од Независните хрватски синдикати рече дека минатиот петок го поддржале бојкотот и посочи дека треба да им се заблагодари на граѓаните што сфатиле дека тоа е нивен бојкот и дека е во нивна корист.

По теркот на Хрватска и Извршниот одбор на Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора го повика своето членство да се приклучи на бојкотот на набавките во трговските синџири на 31 јануари, како израз на граѓански револт поради енормно високите цени на производите. УССЦГ соопшти дека во претходниот период постојано ја повикувале Владата да преземе конкретни мерки и да ги заштити потрошувачите од инкорпорирање на трговците преку неосновано високи маржи, кои, според оценката на синдикатот, не се формирани на реални основи.

„Доколку граѓаните одговорат на повикот за бојкот и ако успее бојкотот, тоа ќе биде силна порака до трговците дека граѓаните имаат механизам да се заштитат од понатамошните „расипнички“ цени. Свесни сме дека еден ден апстиненција од пазарење нема да им нанесе поголема штета на трговците, но ќе им кажеме дека следниот бојкот може да биде и неколкудневен и насочен кон апстиненција од купување лесно расиплива стока која не може долго да стои на полиците. и чекаат муштерии, што би им нанело многу поголема штета“, се нагласува во најава.

Сојузниот министер за трговија Амир Хасичевиќ, осврнувајќи се на најавениот бојкот на продавниците закажан од потрошувачите за 31 јануари, потсети дека слободниот пазар е еден од основните принципи на современите економски системи.

„Бојкотот, во својата суштина, не е закана за слободниот пазар – напротив, тој е дел од тој систем, бидејќи дава јасен сигнал дека нешто не е во ред и повикува на промени. Граѓаните имаат право да бараат фер цени.Тие имаат право да ги ценат своите пари, но и да изберат што ќе поддржат Ги повикувам граѓаните/потрошувачите да бидат свесни за моќта што ја имаат – моќта што може да ги промени пазарните услови, но и да ги поддржи оние кои работат одговорно. и во интерес на заедницата“, рече министерот Хасичевиќ.

Текстот е сопственост на Слободен Печат
БиХ бојкот Маркети Хрватска цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.