Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки „Вотергејт“: Владата во Атина виси на конец

0
By Соња Крамарска on November 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата долга листа на новинари и политичари, вклучително и поранешен премиер, чии телефони наводно биле прислушувани со нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ објавен вчера од списанието „Документо“, предизвика шок во Грција и ја стави на тест демократската нормалност на земјата.

Таканаречениот скандал „Грчки Вотергејт“ ја потресе грчката политика во последните месеци бидејќи беше откриено дека опозициските политичари и новинари биле прислушувани од државата.

Но, новата листа на жртви на „Предатор“ објавена од новинарот Костас Ваксеванис, сопственик на весникот „Документо“, го разгорува огнот бидејќи вклучува министри и нивните сопруги од актуелната влада на Нова демократија и повеќе истакнати новинари и деловни луѓе.

Поранешниот конзервативен премиер Андонис Самарас исто така е на списокот на прислушувани, како и актуелниот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Според извештајот, сите политичари на списокот се луѓе на кои Мицотакис не им верува или се замериле на лидершипот на партијата.

„Документо“ беше единственото списание исклучено од државното финансирање од страна на владата на Мицотакис за време на пандемијата во контроверзната кампања „Остани дома“.

Новинарот Ваксеванис тврди дека има докази што ќе ги достави до главниот обвинител на земјата, кој во меѓувреме започна истрага за скандалот со прислушувањето.

Мицотакис засега молчи за новите докази. Портпаролот на грчката влада, Јанис Оиконому, даде изјава во која вели дека новата листа на прислушувани треба да биде испитана од правосудните органи, но во исто време започна личен напад против Ваксеванис, нарекувајќи го „клеветник“.

Критичарите сугерираат дека Мицотакис нема да ја преживее ситуацијата, особено ако влезе Европол или ако властите на ЕУ го покренат прашањето за владеењето на правото, како што тоа го направија со Унгарија и Фондот за закрепнување.

Владата призна дека вршела „законски“ надзорни активности од страна на тајните служби против новинари и политичари без користење на Predator, но досега одбиваше да ги открие причините поради кои се повикува на аргументот „национална безбедност“.

Мицотакис рече дека не знаел за такви активности и покрај донесувањето закон со кој тој ги има сите надлежности над разузнавањето. Сепак, неговиот шеф на кабинет и внук Григорис Димитриадис и шефот на тајните служби поднесоа оставки по откривањето на активностите за шпионски софтвер.

Истражен комитет на Европскиот парламент минатата недела беше во Атина за да го испита скандалот, а пратениците на ЕУ рекоа дека заминале со повеќе прашања отколку одговори.

„Параноичниот грчки премиер е обвинет дека ги ставил под надзор луѓе за кои се сомневаше дека се против него, вклучително и неговата придружба. Ова објаснува зошто Мицотакис не се појави пред националниот или европскиот парламентарен истражен комитет“, напиша вчера белгиската европратеничка Саскиа Бримонт на Твитер.

Главната опозиција Сириза побара од владата веднаш да го забрани шпионскиот софтвер, да ги принуди компаниите кои поседуваат Predator да обелоденат кои се нивните клиенти во Грција и да го расветлат скандалот пред општите избори кои треба да се одржат во 2023 година.

Сириза, исто така, бара смена на актуелниот шеф на тајните служби, кој одбива да открие какви било информации во врска со скандалот повикувајќи се на „националната безбедност“.

Извор: Еуроактив

Грција Кирјакос Мицотакис прислушување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.