Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гросоманиду: Македонците и јазикот ќе бидат прифатени како реалност

0
By Нова ТВ on June 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју со поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Дора Гросоманиду за НОВАТВ во кое говори за постигнатото решение, за тоа како ќе се прифатат Македонците и македонскиот јазик, за грчката политичка сцена, за предизвиците со кои се соочува Ципрас и за улогата на меѓународната заедница

Какво е Вашето мислење за постигнатиот договор?

Гросоманиду: Ова е најдоброто нешто што можеше да се постигне во дадените околности. Мислам дека ова е вин – вин решение. Јас сум многу позитивно изненадена од успехот.

Постојат ли услови договорот да биде прифатен во грчкиот Парламент со оглед на односот на силите?

Гросоманиду: Договорот нема да биде усвоен од Парламентот пред крајот на есента, односно пред да бидат исполнети условите од ваша страна. Сметам дека мнозинството ќе биде обезбедено со независните пратеници, но и со некои други.

Може ли да очекуваме дека Македонците и македонскиот јазик ќе бидат прифатени како реалност во Грција?

Гросоманиду: Да, иако во моментов, по тоа прашање, постои токсичен критицизам.  Но на крајот, верувам дека тоа ќе биде прифатено, особено кога говориме за меѓународен договор кој треба да се гласа во Парламентот, а не од учесници на митинзи.

Кои се главните предизвици на премиерот Ципрас?

Гросоманиду: Да ги затвори сите прашања од четвртата евалуација договорена меѓу институциите, која би требало да биде излез од економската криза до крајот на август, потоа намалување на долгот и ратификацијата на гореспоменатиот Договор.

Верувате ли дека овој договор е конечен, имајќи ги предвид ставовите на лидерот на опозицијата кој го критикува договорот?

Гросоманиду: Не знам за што друго размислува Мицотакис, освен да не изгуби дел од гласачкото тело. Затоа тој не е јасен на домашната сцена, за разлика од она што може да го каже надвор, особено во Европската народна партија

Дали сметате дека меѓународната зедница треба да биде инволвирана во процесот?

Гросоманиду: Се разбира. Мислам дека меѓународната заедница треба да биде силно фокусирана на ова прашање. Не заборавајте дека на еден или на друг начин, ние сме на Балканот.

Грција Договор Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.