Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во емисијата 200 на ТВ Алсат М, изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.
“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.”, изјави Артан Груби.