Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: ДУИ ќе оди сама на избори, албанската опозиција да се обедини

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2019 20:11

По седницата на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ),  Артан Груби го пренесе ставот на партијата дека ќе одат самостојно на изборите на 12 април, а ѝ  порача на опозицијата во албанскиот политички блок да се обедини.

„ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно, без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии. Напротив, ги повикуваме албанските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата држава. Се надеваме дека ќе успеат во тоа. Во секој случај, тука е ДУИ која ќе ги добие изборите и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години, на најдостоинствен начин“, рече Груби.

На новинарско прашање во врска со информации во јавноста дека во техничката влада нема да има министри од ДУИ, Груби одговори дека неговата партија е клучна за политички процеси во Македонија, без разлика на функциите.

„ДУИ беше определувачки фактор за формирање на ова парламентарно мнозинство. Таму каде што одлучи ДУИ, таму се формира парламентарно мнозинство и оваа Влада. Гласовите на ДУИ беа пресудни за да се дојде до промена на името, договорот со Бугарија, јазичната еднаквост. И до судски реформи и членство во НАТО, затоа што така одлучи Али Ахмети и ДУИ. Заедно бевме тука на 29 јануари во 2017 година кога ние донесовме одлука Македонија денес да биде пред вратите на НАТО, со судски реформи, со јазична еднаквост, со променето име, со променет Устав, со договор со Бугарија. За нас се небитни функциите. Ќе ги добиеме апсолутно изборите на 12 април и ќе имаме слична ситуација како во 2016, со многу повеќе пратеници на ДУИ, но со пресудна определувачка улога на Али Ахмети за следна Влада во Северна Македонија“, рече Груби.

За укажувањата на претседателот Стево Пендаровски да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија, тој потенцира дека како ДУИ се спремни да разговараат за градење на капацитетите на институциите за имплементирање на одредби од законот за употреба на јазиците.

„Тоа го препорачува Венецијанската комисија, да има капацитети во институциите. Ние сметаме дека има средства во државата за да се создадат тие услови, и во судството, и во сите други институции за да се имплементира тој закон“, рече пратеникот на ДУИ.

Оваа седница на претседателството на ДУИ беше последна пред четвртиот конгрес закажан за сабота (21 декември).

Артан Груби ДУИ избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.