Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевизмот – немотивирано зло

23
By Нова ТВ on September 27, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 14:28

Автор на колумната е м-р Златко Јакимовски

Помина година и половина од кога за мене стана јасно кој ќе „изгуби“, но главната дилема која остана да виси насекаде околу нас е всушност кој ќе „победи“?! Денес кога политичката слика на македонското современие се избиструва во својата највисока резолуција и таа дилема полека го добива долгоочекуваниот одговор. Загуби Груевски, но победи „груевизмот“, победи неговата филозофија. Победи тоа зло семе кое што стоеше под тепихот на демократијата. Тоа беше негова идеја. Ние денес не можеме да живееме едни покрај други.

Реално денес во ова општество постојат два системи на вредности кои се дивергентни поради што нашето општество и тешко дека може да  се  нарече општество! Таа матрица на поделеност и поделби која што беше „заговарана“ колку и банално да звучи во моментите на нејзината најсилна пропаганда сепак немаше смисла. Секој од нас многу добро знаеше  дека тоа е вештачка поделба. Денес, кога конечно се спушти завесата на груевизмот, станува јасно дека сепак тој живее насекаде околу нас. Но живее  и во оние стотици илјади негови подржувачи, кои 10 години упорно бираа „злосторничка власт“.

Токму тоа е есенцијата на проблемот, гласчкото тело. И да, точно е тврдењето (без никаква навреда) дека на македонското гласачко тело му недостастува глава. Токму тоа зло семе, таа автодеструктивност можете да ја забележите во најавата за жестока борба против криминалот. Замислете, човек со кривично-правен статус на обвинет говори за борба против криминалот?! Каква ли само патетика и пасивна агресија. Полека се ближиме кон етилогијата на проблемот, не е проблемот во неговите изјави, проблемот е во оние кои истите ги подржуваат.

Дојде денот кога секој од нас треба да признае дека Груевски владееше со плебисцитарна поддршка. Тој плебисцит има необјаснива потреба постојано одново да се измислува себе си и другите околу него. Последната генијална изјава е најголемата опозициска партија од сега па натаму ќе биде партија на граѓанска десница, потег кој што со само еден клик на компјутерот ќе го анулира сето минато, без потреба на другите да се објасни методологијата на трансформација од конзервативна партија до партија на граѓанска десница. Но тоа се последиците на дигиталната ера. Ера во која Македонците забораваат да запомнат!

А што е тоа што треба да се запомни? Како да запомниме нешто што не знаеме што е?! Логично би било како предикат на тоа да се појави определена идентификација на нештата, нивно персонализирање! Сведоци сме на таа екстремно силна терминологија од типот на „заробена држава“. Но, сето тоа е последица. Каде е причината, како прва и последна основа на денешната ситуација? Таа причина е злосторството! А злосторството е прашање над сите прашања. До ден денес не постои консензус за тоа злосторство, ниту кој е неговиот идеен творец, ниту кој го реализирал ниту кој бил објект на напад.

Неидентификувањето на самото злосторството, во ниту еден случај нема да ја измени нашата „процесна улога на сведоци“. А оваа средина е таква да истата не ги сака сведоците на сопствените понижувања, на сопствените порази и сопствените компромиси. А во изминатата деценија доживеавме енормни понижувања, банкротиравме финансиски, материјално но и морално. Повторно се вртиме во тој маѓепсан круг, што би се рекло ако може се да се смени, а се да биде исто груевизмот вечно да живее! Токму тој груевизам како олицетворение на односот кон сопствените граѓани, како деперсонализирана одговорност и прелевање на вината во циклуси од минатото е сеуште активен.

Затоа денес алфа реплика на секоја дури и добронамерна критика кон новата власт е закана со груевизмот која одекнува и гласи „А да не сакаш да се врати Груевски?“. Псевдо-настаните од апгрејдираниот PR се сеуште број еден вести на денот, а тоа не се никакви вести туку едноставно парафразирани изјави на определени индивидуи. Сеуште е доминантен тој бинарен модел на размислување, или си за или си против, сеуште секој одговор се очекува да биде со да или не. А ништо во животот (оној политичкиот) не е така едноставно за да можете да одговорите со да и со не!

Од кога го заборавивме минатото и не го идентификувавме и персонализиравме злосторството, се поставува прашањето дали вредеше се ова, кои се придобивките од  сето ова? Демократијата во вакво конформистичко и цинично општество речиси и да нема смисла. Интригантно е како некои личности беа алергични на некои појави до промената на власта а денес се тотално индиферентни кон слични појави. Тоа е веројатно онаа позната „парите го вртат светот“, а власта има рингишпил! Токму во таа дијалектика доаѓаме до главниот актер на борбата против груевизмот.

Тоа е актуелниот Претседател на Владата на РМ, токму тој е носител на таа неотстранлива (во позитивна смисла) дамка на таа трајна фуснота на борбата против тоа немотивирано автопоетично зло. Зло кое е себедоволно, од себе и за себе, антипод на демократијата и цивилизациските вредности! Најголемата заслуга на З. Заев е тоа што ја запали Македонија на „туркање“, во моменти кога немаше доволно гориво кое што би било доволно за борба против тоа зло. Тоа беше оној иницијален акт кој што кај македонскиот граѓанин за прв пат го всади чувството дека промените се возможни, реални, неопходни но и постојани, без разлика кој е носител на власта! Токму тоа стартување на демократскиот мотор со туркање го рестартираше Камиевскиот во македонскиот граѓанин „Се бунам – значи постојам!“.

А бунтовите имаат смисла само додека траат, а истите би требало да траат додека не се расчисти со последната сенка од духот на груевизмот, притоа никако не смее да се заборави способноста за метаморфоза на груевизмот истиот повторно да биде завиен со велот на демократијата. Претпазливоста мора да биде висока како подоцна не би следувале оние горчливи солзи за кои што говори Исидора Секулиќ кога вели: „Оној алегоричен излишен џиновски чекор на шумскиот дух тоа е нетрпеливоста. Оние горчливи солзи потоа, тоа е меланхолија заради агресивноста која промашила!“.

Граѓанско новинарство – колумната е напишана од читател за НОВА

власт демократија Зоран Заев избори Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.