СЈО повеќе од една година објавува дека ќе добиеме обвиненија. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на крајот на јуни СЈО ќе одржи прес-конференција и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, рече лидерот на опозицијата, Никола Груевски кој денеска беше во посета на Битола.
„Се работи за политичка хајка, против мене лично, против моите соработници и против партијата, значи се работи за политички атак врз ВМРО- ДПМНЕ, да не деградираат, омаловажат, тоа е тоа, тоа е целата битка. Инаку, ако сме сакале да бегаме сме имале толку многу можности, толку многу патувања и во време кога знаевме дека ќе има обвиненија. Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми“, рече Груевски.