Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Надворешни сили ги влошија позициите на ВМРО ДПМНЕ

1
By Нова ТВ on February 11, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 11, 2017 22:31

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва изјави дека во последната година имало сериозно влијание однадвор, особено во предизборниот период  со што како, што рече се влошиле позициите на ВМРО ДПМНЕ, со цел да му помогнат на СДСМ. За изборниот резултат, Груевски ги обвини како што рече медиумите на Сорос кои работеле на уривање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ како и странски центри на моќ.

„Одредени дипломати допринесоа ВМРО да биде оцрнет и граѓаните да гледаат на него поинаку. Две години државата беше под тешка пресија, а СДСМ извади големи пари. Деновиве некои извадија големи пари иако тоа во извештаите не се рефлектира. Но, тие што добро следат политика, знаат дека СДСМ потроши големи средства, јас  тоа го знам, но засега не можам да докажам. После еден таков период на организирана хајка против  ВМРО ДПМНЕ, криза која и беше наметната на земјата и инструирана, во една таква атмосфера извлековме максимум на изборите, ние успеваме и народот препозна што с е случува, дека станува збор за голема хајка. Никој не троши толку пари за забава, туку за некоја цел. По победата беше видлив обидот на СДСМ и нивните надворешни сојузници, да ги променат резултатите преку изборен инженеринг, но ние успеавме. Не велам дека и ние сме безгрешни, сме правеле грешки, но се потпираме на народот“, рече Груевски.

Според Груевски, медиумите спознорирани од Сорос и Фондацијата за отворено општество имале задача да го оцрнат ВМРО ДПМНЕ, како што рече„ да не направат тоа што не сме, националисти што го мразат албанскиот народ, закана за Албанците и се што правиме е против Албанците, а тој што коалицира со нас е против Албанците“.

„Наша грешка е што не обрнавме доволно внимание. Пред неколку години предложив но, не помина и сега соработниците се потсетуваат на тоа. Тие беа со задача да направат што е можно полоша слика за нас и на Албанците што коалицираат со нас да им биде непријатно. Но на албанските партии им е јасно дека нашата партија има раководство кое неспоредливо повеќе работи, добро сме организирани и со нас како партија можат да завршат повеќе работа и за Албанците и за народот. Ги знаат нашите капацитети и оние на СДСМ. Знаат со нас дека преговорите потешко течат, но дека она што сме го ветиле не е веќе нивна работа и ќе почувствуваат дека е завршено. Дури и она што беше тешко за нас да го објасниме на нашите гласачи. Ние се држиме до дадениот збор независно на кого е даден. СДСМ е спремен се да вети но, што ќе исполни времето ќе покаже. Од нас никогаш не барале писмени гаранции, имало само потсетници да не заборавиме но никогаш потпишани договори“, рече Груевски.

На новинарско прашање дали ова ќе го наруши принципот победник со победник, Груевски одговори дека ДУИ јавно барале и молеле за принципот победникот од македонските партии да коалицира со победникот од албанските партии, а сега се обидуваат да го поплукаат тоа.

„Јас ги разбирам зошто имаат потреба од тоа со Заев, зашто тој свесно лаже. И тие се сега во непријатна ситуација и се во дилема, искушение да си го нарушат принципот за кој молеа две години. ДУИ јавно бараа, апелираа да има принцип во Македонија победникот од македонските партии да коалицира со победникот од албанските. Тие дури бараа и закон за тоа. Ние не бевме за закон бидејќи и тој е нелогичен. Имавме дилеми и почнавме да го практикуваме. Се зборува за мајски договор, а тоа не сме потпишале такво нешто. Има мајски разговори само. ДУИ сега има можност да го поплука да го погази и никогаш да не го добие. И ако сега ни се случи тоа со ДУИ, не гледам причина ние натаму да го практикуваме во иднина. Не смеат да помислат да го бараат повторно. Во едно интервју неодмана кажав: Ако некој после ова ми дојде во штаб ќе го истерам од штаб. И така ќе направиме“, изјави Груевски.

За посетата на Хан, Груевски истакна дека било очигледно дека бил дојден со идеја да не охрабри за некаква широка коалиција иако на состанокот не инсистирал на тоа.

„Низ разговорите тој сфати дека широката коалиција во Македонија е проверен неуспешен концепт, што е практикувано во минатото во 2001 та и сега по политичката криза. И во двете ситаиции даде лоши резултати и имаше нефункционална влада. Во тој разговор отворивме многу прашања и ги изложивме нашите аргументи и на крајот тој кажа дека е очигледно дека по средбите со сите партии ќе тешко остарливо широка коалиција, дека треба повеќе време за да донесат одлуки. Го отворивме прашањето за нови избори. И така имаме избори сега, тоа не е преголем трошок и не се малтретираат граѓаните. Дали ќе има волја кај сите за избори. Но, СДСМ се изјасни дека не сакаат , ама кај нив мислењето важи од вечер до утре. И таму уште една помала албанска партија. Се плашам дека ќе дојде време да сфатиме дека тоа е неминовсност, но земјата ќе изгуби време. Владата прави се што е во нејзина моќ, но има одредени ограничувања“, рече Груевски.

 

Груевски дипломати Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.