Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.
Како што сооштија од ВМРО-ДПМНЕ, теми на разговорите биле европската интеграција на државата, чекорите и мерките кои се превземаат, како и актуелната политичка ситуација во државата.
Груевски, велат од неговата партија, посочил дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за наметната политичка криза.
„Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор.“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ.