Поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, утре во 9:30 се на рочиште пред Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави МИА.
Тие денеска пред Комитетот за азил на Грција требаше да ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, но сослушувањето е одложено.
Одлучувањето во Атина доаѓа по нивните жалби откако Основниот суд во Солун одлучи дека тие треба да бидат екстрадирани во земјава.