Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Група по мерка: С. Македонија со Чешка, Украина и Австрија на ракометното ЕП 2020

0
By Нова ТВ on June 28, 2019 СПОРТ
Фото: ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка ракометна репрезентација доби група по мерка за Европското првенство во 2020 година (10 – 26 јануари), прво со 24 репрезентации. „Црвено-жолтите“ ќе играат во групата Б во Виена против селекциите на Австрија, на Чешка и на Украина.

Групата А го доби прекарот балканска. Три тима од просторите од поранешна Југославија (Хрватска, Србија и Црна Гора) плус Белорусија ќе бркаат место во главната фаза низ пресметките во Грац.

Последните два шампиона на стариот континент, Германија (ЕП 2016) и Шпанија (ЕП 2018) ќе играат во групата Ц во Трондхајм заедно со Летонија и Холандија. Во Трондхајм ќе биде лоцирана и групата Д во која се селекциите на Норвешка, Франција, БиХ и Португалија.

Ждрепката во Виена го спои Данска, Унгарија, Исланд и Русија во групата Е во Малме, а во групата Ф во Гетеборг ќе понуди пресметки на Шведска, Словенија, Полска и Швајцарија.

Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе продолжат во главната фаза (две групи по шест тима) што ќе се одигра во Виена и во Малме. Ако меѓу нив бидат и „црвено-жолтите“, тогаш ќе останат во австриската пресолнина.

Завршниот викенд на ЕП 2020 е планиран во „Теле2 арена“ во Стокхолм, што впрочем е фудбалски стадион со капацитет од 22.000 седишта.

Кодомаќини на ЕП 2020 се Австрија, Шведска и Норвешка, шампионатот ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 26 јануари.

Европско првенство во ракомет (м) – 2020 година

Група А (Грац): Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија

Група Б (Виена): С. Македонија, Австрија, Чешка, Украина

Група Ц (Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија

Група Д (Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, БиХ

Група Е (Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија

Група Ф (Гетеборг): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

ЕП 2020 Ждрепка Македонија ракомет репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.