Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш: Авганистан излегува од контрола, oва е момент за запирање на офанзивата

0
By НОВА ТВ Balaban on August 14, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 14, 2021 08:48

Под талибанска власт помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,  ги повика талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.

– Ова е момент за запирање на офанзивата. Ова е момент за почнување сериозни преговори. Ова е момент за да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан, изјави Гутереш.

Талибанските милитанти зазедоа три големи авганистански градови и голем број провинциски главни градови, забележувајќи големи воени успеси во последните недели на терен, а исто така го затегнуваат обрачот околу Кабул, чија судбина сега е неизвесна.

Гутереш ги повика сите страни да направат повеќе за заштита на цивилите.

Тој, исто така, рече дека е „длабоко вознемирен од првите индикации дека tалибанците воведуваат строги ограничувања за човековите права во областите под нивна контрола, особено правата на жените и новинарите“.

„Особено застрашувачки се потресните извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, рече тој.

Под талибанска власт помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште. Жените мораа да го покријат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол, доколку сакаат да ја напуштат куќата.

ОН  ја набљудуваат и проценуваат безбедносната состојба во Авганистан „час во час“ и преместуваат дел од персоналот во Кабул, но не евакуираат никого од земјата, изјави портпаролот на ОН.

ОН има околу 3.000 локални вработени и околу 300 меѓународни лица во областа во Авганистан.

Авганистан Гутереш излегува контрола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.