Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш: Човештвото да ја прекине војната со природата која го возвраќа ударот

0
By Нова ТВ on December 2, 2019 СВЕТ
Фото: thepublicsradio.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Мадрид денеска почнува Меѓународната конференција на Обединетите нации (ОН) за климата (ЦОП25) и ќе трае во наредните две недели. По тој повод Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека човештвото треба да ја прекине војната со природата која го возвраќа ударот. Тој, исто така, ги осуди „целосно недоволните“ обврски што земјите ги презедоа за намалување на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина поради немање на политичка волја.

Додека политичките лидери зборуваат за решавање на проблемите предизвикани од климатските промени се зголемува емисијата на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, се зголемува температурата на воздухот, се истопија илјадници милијарди тони мраз, а се почеста појава се и пожарите.

Првата дипломатска конференција на ОН за климатските промени беше во Рио де Жанеиро во 1992 година. Но, што се случи со Земјата оттогаш:

– Нивото на јаглерод диоксид во воздухот се зголеми од 358 делови на милион на речиси 412, што е пораст за 15 отсто за 27 години.

– Годишната емисија на јаглерод диоксид од фосилните горива и индустријата во 1992 година изнесуваше 6,06 милијарди метрички тони јаглерод, додека во 2017 година беше 9,87 милијарди метрички тони, што е зголемување за 63 проценти за 25 години.

– Просечната температура во светот за последните 27 години порасна за 0,57 степени Целзиусови.

– Од 1 јануари во 1993 година во САД се случија 212 временски непогоди и катастрофи, од кои секоја една предизвика штета во висина од најмалку една милијарди долари, пресметувајќи ја и инфлацијата. Временските непогоди вкупно чинеа 1.450 милијарди долари и усмртија над 10.000 луѓе.

– Американскиот „Индекс на климатски екстреми“ речиси двојно се зголеми од 1992 до 2018 година. Со индексот се опфатени големи отстапувања од вообичаените температури, суши и пропратни појави, како обилни дождови.

– Од 1992 година до денес Девет од десет најскапи урагани ги погодија САД.

– Опожарената површина на САД во 1992 година изнесувала 1.335.462 хектари додека во 2018 година – 3.075610 хектари.

– Просечната годишна покриеност на Арктичко Море со мраз е намалено од 12,1 милиони километри квадратни на 10,1 милиони километри квадратни во 2019 година, што е намалување за 17 отсто.

– Ледената плоча на Гренланд изгуби 5,2 илјади милијарди тони (4,3 илјади милијарди метрички тони мраз од 1993 до 2018 година.

– Ледената плоча на копното на Антарктикот изгуби 3.000 милијарди тони (2,7 илјади милијарди метрички тони) мраз од 1992 до 2017 година.

– Нивото на морињата во светот од 1992 година во просек бележи раст од 2,9 милиметри годишно. Тоа е вкупно 78,3 милиметри.

Антонио Гутереш климатски промени конференција Мадрид ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.