Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш: Независните медиуми се противотров во пандемијата на лажни вести

0
By Нова ТВ on May 2, 2020 СВЕТ
Фото: unhcr.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш повика на поголема заштита на новинарите, нагласувајќи дека тие нудат „противотров“ на пандемијата од дезинформации што ја придружува кризата предизвикана од ширењето на ковид-19.

Гутереш, во видео порака по повод Светскиот ден на слободата – 3 мај, ја истакна клучната улога што ја имаат медиумите за луѓето да може да добијат информации што им се потребни за носење на одлуки, бидејќи таквите одлуки, наведе тој, ја прават разликата помеѓу животот и смртта во сегашните околности.

„Како што се шири пандемијата, така се прави и пандемијата на дезинформации, штетни здравствени совети и диви теории на заговор. Медиумите обезбедуваат противотров – проверени, научни, вести и анализи засновани врз факти“, рече Гутереш и ги повика владите ширум светот да ги заштитат новинарите и сите оние кои работат во медиумите и да ја заштитат нивната слобода.

Генералниот секретар на ОН истакна дека привремените ограничувања на движењето, кои се важни за сузбивање на ковид-19, не треба да се злоупотребуваат како изговор за спречување на новинарите да ја вршат својата работа.

Во својата порака, Гутереш се заблагодари на медиумите „за обезбедување факти и анализи, повикувајќи ги лидерите во сите сфери да бидат одговорни и им ја кажале вистината на носителите на моќта“. Тој ја истакна улогата на новинарите кои спасуваат животи со известување за здравствени теми.

„Ги повикуваме сите влади да ги заштитат медиумските работници и да ја зајакнат и заштитат слободата на медиумите, што е неопходна за иднината на мирот, правдата и човековите права за сите“, рече Гутереш.

Специјалниот известувач на  ОН за промоција и заштита на слободата на мислата и изразувањето, Дејвид Кеј, рече дека добил алармантен број на извештаи за одмазда против новинарите уште од почетокот на пандемијата, под изговор на ширење на дезинформации.

Независниот известувач Кеј ги документирал тие закани во најновиот извештај што го достави до Советот за човекови права на ОН (ХРЦ), орган што ја надгледува неговата работа.

Антонио Гутереш медиуми новинари ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.