Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамас повика на ново палестинско востание против Израел

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Радикално-исламстичкото палестинско движење Хамас повика на ново палестинско востание (интифада) против Израел.

-Признавањето на Ерусалим како главен град на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е еднакво на „објавување  војна против Палестинците”, рече водачот на Хамас, Исмаил Ханија во Газа.

Во петок мора да почне „Интифада за ослободување на Ерусалим”, порача првиот човек на организацијата која до пред кратко време беше единствениот властодржец во Појасот Газа. Ханија, исто така, апелираше до палестинската власт да ги прекине сите мировни напори со Израел.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп и официјално го призна Ерусалим за главен град на Израел, пристигнаа и најавите за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Стејт Департментот веднаш ќе ги започне подготовките за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и ќе започне зајакнувањето на безбедносните мерки за заштита на Американците на Блискиот исток, порача американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

„Одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел е во согласност со американското гледање на реалноста, со оглед на тоа што парламентот, врховниот суд, претседателството и службите на израелскиот премиер веќе се наоѓаат во тој град“, оцени шефот на американската дипломатија во соопштението.

Ерусалим Израел интифада САД Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.