Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамилтон по победата во Монца: Свирежите на навивачите ме мотивираа

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 04:20

Луис Хамилтон ја расипа планираната забава на Ферари во Монца. Британскиот пилот во болидот на Мерцедес триумфира во трката за Големата награда на Италија, а по настапот изрази огромно задоволство од перформансот и од крајниот епилог на теренот на кој се радуваше по петти пат колку и Михаел Шумахер. До 68. победа во кариерата стигна за 1:16:54,484 часа и порача дека негативните работи бил решен да ги претвори во позитивни во што и успеа. Притоа мислеше на свирежите и непријателството, амбиент во кој беше дочекан од домашните навивачи.

„Сакам да доаѓам во Италија, ја сакам храната. Патеката е неверојатна и ќест е да се победи тука пред така фантастична публика. Беше тешко, но успеав. Иако не е добра таа негативност и свирежи од трибините, сепак, го прифаќам тоа. Ме мотивираше, ме повлече“, рече Британецот по 68. победа во кариерата со која ја зголеми предноста во генералниот пласман на 30 бода во однос на Себастијан Фетел.

Второто место во трката за ГН на Италија го освои Кими Раиконен (+8.705 секунди), како трет на подиумот се искачи и неговиот сонародник и клупски колега на Хамилтон, Валтери Ботас.

„Ја имавме потребната брзина, но нашите задни пневматици не издржаа што беше причина за губење на трката. Се обидов, но невозможно беше и далеку од идеално и покрај вложениот максимум“, рече Раиконен.

Задоволство и од Ботас по трката во Монца. Финецот помалку среќно стигна до третото место. откако Макс Ферстапен доби казна од пет секунди по дуелот во кој го исфрли од патеката.

„Дадов максимум да бидам дел од победничкиот подиум. Прва задача беше да го задржам Кими, а потоа и да водам борба со Макс. Трка беше жестока, но не секогаш е коректно како што сакам да биде, па Ферстапен доби казна. Остваривме добар резултат како екипа и освоиме повеќе бодови од Ферари во неговиот дом“, истакна Ботас.

Наредна дестинација во Формула 1 шампионатот е трка за Големата награда на Сингапур на 16 септември.

Резултати од трката за ГН на Италија

Луис Хамилтон (Мерцедес/В. Британија) 1:16:54,484 часа

Кими Раиконен (Ферари/Финска) + 8.705 сек.

Валтери Ботас (Мерцедес/Финска) + 14.066 сек.

Себастијан Фетел (Ферари/Германија) + 16.151 сек.

Макс Ферстапен (Ред Бул/Холандија) + 18.208 сек.

Естебан Окон (Форс Индија/Франција) + 57.761 сек.

Серхио Перез (Форс Индија/Мексико) + 58.678 сек.

Карлос Сајнц Јр. (Рено/Шпанија) + 78.140 сек.

Ленс Строл (Вилијамс Мерцедес/Канада) + 1 круг

Сергеј Сироткин (Вилијамс Мерцедес) + 1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон (Мерцедес/В. Британија) 256 бода

Себастијан Фетел (Ферари/Германија) 226

Кими Раиконен (Ферари/Финска) 164

Валтери Ботас (Мерцедес/Финска) 159

Макс Ферстапен (Ред Бул/Холандија) 130

Даниел Рикардо (Ред Бул/Австралија) 118

Нико Хулкенберг (Рено/Германија) 52

Кевин Магнусен (Хас Ферари/Данска) 49

Серхио Перез (Форс Индија/Мексико) 46

Естебан Окон (Форс Индија/Франција) 45, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 415 бода

Ферари 390

Ред Бул 248

Хас Ферари 84

Рено 84

Мекларен Рено 52

Скудерија Торо Росо Хонда 30

Форс Индија Мерцедес 28

Заубер Ферари 19

Вилијамс Мерцедес 5

ГН на Италија Луис Хамилтон Монца Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.