Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамилтон по триумфот во Силверстон: Сакаме титула, но крајот е далеку

0
By Нова ТВ on July 16, 2017 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 16, 2017 19:41

Луис Хамилтон по петти пат ја покори конкуренцијата во Силверстон и се израмни по бројот на победи на британското Ф1 гранпри со Французинот Алан Прост. Покрај рекордот, Британецот го искористи и пласманот на Фетел на седмото место и доближувањето на само бод до Германецот во генералниот пласман.

Пилотот на Мерцедес, логично, истакна дека е задоволен и горд со триумфот на домашниот асфалт, вкупно 57 во неговата кариера во „летечкиот циркус“. Тргна од пол-позицијата, водеше во целиот тек на трката и во ниту еден момент не дозволи да биде загрозен.

„Не можам да најдам соодветни зборови да опишам како се чувствувам. Никогаш не е лесно, но сега уживам на највисокото место на подиумот. Горд сум што насекаде околу гледам британски знамиња. Поддршката што ја имав овој викенд беше неверојатна. Презадоволен сум што сето ова го сторив за себе, тимот и публиката. Планот е да се освои титула, но крајот на сезоната е далеку“, рече Хамилтон по трката.

Фото: formula1.com

Лидерот во генералниот пласман и негов најголем ривал за титулата, Себастијан Фетел доживеа пех во последниот круг во Силверстон. Пукна еден од левите пневматици на неговиот болид, па стартно-целната линија ја мина како седми што со одобрување беше поздравено од гледачите.

„Мислам дека никого не можете да обвините за гумата. Со сличен проблем се соочи и Кими иако неговиот сет пневматици беше посвеж за пет-шест круга. Тоа беше изненадувачки за двајцата. Мислам дека овој викенд не е катастрофален за нас, но можеше да биде и подобар. Уште на почетокот се соочив со непријатност. Се запалија сопирачките и од тој момент имав потешкотии“, помирен е Фетел по исходот за ГН на Велика Британија.

Второто место го освои клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас (+14,063 сек.), како трет заврши неговиот сонародник во болид на Ферари, Кими Раиконен (+36,570 сек.) кој не влезе во целта по Хамилтон поради „пукање“ на десната гума.

Фото: formula1.com

Фетел е водечки во генералниот пласман со 177 бода, Хамилтон е втор со 176, Ботас е трет со 154.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 30 јули на патеката „Хунгароринг“ за ГН на Унгарија.

Резултати од трката за ГН на Велика Британија

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 1:21:27,430 часа

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +14,063 сек.

Кими Раиконен (Финска/Ферари) +36,570 сек.

Макс Ферстапен (Белгија/Ред Бул) +52,125 сек.

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) +65,955 сек.

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) +68,109 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +93,989 сек.

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +1 круг

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) +1 круг

Фелипе Маса (Бразил/Вилијамс Мерцедес) +1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 177 бода

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 176

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) 154

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) 117

Кими Раиконен (Финска/Ферари) 98

Макс Ферстапен (Белгија/Ред Бул) 57

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) 52

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) 43

Карлос Сајнц Јр. (Шпанија/Торо Росо) 29

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) 26, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 330 бода

Ферари 275

Ред Бул 174

Форс Индија 95

Вилијамс Мерцедес 41

Торо Росо 33

Хас Ферари 29

Рено 26

Заубер Ферари 5

Мекларен Хонда 2

ГН на В. Британија Луис Хамилтон Мердерес Себастијан Фетел Силверстон Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.