Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Новата влада да се формира на солидна и широка основа

0
By Нова ТВ on February 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По денешниот министерски состанок на државите од Западен Балкан, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање рече дека владата треба да се формира на солидна и широка основа.

Тој рече дека нема никаков конкретен предлог за политичките партии со кои во текот на денот има состанок во Собранието и дека дошол само да ги ислуша.

„Не сум имал претходни состаноци во Брисел. Јас сум тука да ги ислушам лидерите на политичките партии и имам јасна порака. Со оглед на тоа каде сме сега, земјата има постигнато многу. Пред две години го имавме Пржино, многу дискусии, два пропаднати  датуми за избори, имаше избори кои беа признаени од меѓународната заедница. Важно е да се нагласи дека изборите сами по себе не се крај на процесот, тие се важен и неопходен чекор, а следниот чекор е формирање влада. Се разбира дека има многу предизвици, безбедносни и економски предизвици, има можности за соработка во регионот. Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа и да ја следи европската перспектива. Нема да даваме насоки на ниедна партија како да продолжи понатаму, но сите треба да бидат свесни дека се одговорни за иднината на државата. Сите граѓани се обединети околу европската перспектива, тоа значи многу предизвици во иднината, но и донесување на многу одлуки, а крајната цел е подобрување на иднината на земјата. Колку порано се формира влада, толку подобро, ова ќе биде мојата порака до политичките партии“, одговори Хан.

Тој додаде дека кога се зборува за демократија, владеење на правото и суверенитет, тоа значи дека политичарите на оваа земја ќе мора сами да ја донесат конечната одлука, но тие треба да бидат свесни дека на ЕУ и требаат соговорници кои се залагаат за европската перспектива и кои можат да гарантираат дека можеме заедно да тргнеме на овој пат во следните години.

„Патот кон европската интеграција. Ова е од одлучувачко значење и не треба да се губи време“, рече Хан.

Влада Јоханес Хан препораки Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.