Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан очекува препорака во февруари

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан денеска во Скопје истакна дека една од главните цели на неговата посета е да го потенцира континураниот интерес на Брисел за случувањата во земјава, но и да добие уверување дека и власта и опозицијата се целосно посветени на евроинтегративниот процес и на се што е потребно да се сработи во таа насока.

Хан одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа зошто побарал средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но не и со лидерите на БЕСА и ДПА, рече дека ЕУ инвестирала многу во Македонија, менаџирала многу ситуации и оти следниот чекор е целосен фокус на итните реформски процеси.

– Потребно е да се усвојат сите закони во сферите на правосудството, разузнавањето и јавната администрација, што е клучно за да се добие позитивна препорака од ЕУ. Се надеваме дека тоа ќе се случи некаде во февруари, со надеж дека преговорите ќе почнат следната година. Тоа е нашата цел и за тоа се сретнав и со опозицијата за да посочам дека кога станува збор за националните цели, а европската перспектива е таква цел, поддршка е потребна од сите клучни играчи, без разлика дали се во Владата или опозицијата, рече Хан.

Целта на неговата посета меѓу другото била да добие уверувања и гаранции од сите клучни играчи дека се посветени на европските перспективи. За тоа, како што рече, бил уверен од Груевски, на вчерашната средба, кога му било посочено дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена на европската перспектива и оти партијата ќе игра конструктивна улога во таа насока.

Хан напомена оти ЕУ забележува дека во земјава постои подобрување во однос на владеењето на правото, за што доказ се и оценките на ОБСЕ-ОДИХР за локалните избори.

На прашањето дали политичките партии на средбата во куќата на Жан Моне во Париз ќе разговараат за спорот со Грција околу уставното име и дали смета дека Македонија треба да направи отстапки, Хан рече дека македонските политичари се должни пред граѓаните да најдат решение, да изнајдат компромис.

– Ова е прашање за кое не сакам да коментирам, се уште е рано, но позитивно е што се спроведуваат мерки за градење доверба, има контакти меѓу релевантните претставници, рече Хан и уште еднаш изрази задоволство од спогодбата меѓу Македонина и Бугарија, за која рече дека очекува оти Парламентот ќе ја ратификува до крајот на годината.

ЕУ Јоханес Хан препорака Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.