НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Постигнавме многу, остана уште последниот километар од маратонот

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постигнавме многу, но сега е важно да се истрча последниот километар или половина километар за да се заврши овој маратон, изјави денеска еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во Скопје.

Хан по денешните средби со политичките партии, претставниците на невладините организации и политичките партии, на прес конферецијата со премиерот Зоран Заев рече дека неговата денешна посета е за да покаже дека и покрај постигнувањата во последниве месеци и задоволството од тоа во Брисел, сепак интересот за Македонија и за регионот и натаму останува, се до, како што рече завршувањето на неговата мисија, а тоа е почеток на преговорите за членство во ЕУ.

– Јас и мојот тим сме посветени и очекуваме на почетокот на следната година да сеслучи нешто. Сега сме повеќе сигурни отколку претходно дека нашите земји членки ќе дадат одобрение за ваква препорака, рече Хан.

Тој истакна дека реформата на разузнавачките служби, судството и јавната администрација се областите каде што се очекуваат конкретни резултати до крајот на годинава. Тој посебно се освена на опозицијата од која побара „да ја одигра својата улога и да биде одговорна“.

-Не сум наивен, долго сум во политиката, но ако се работи за цел од национално значење и евроатлантската и европската перспектива на вашата земја, очигледно е  дека целта може да се постигне доколку сите одат во ист правец. Затоа ги поттикувам посебно опозициските партии да бидат конструктивно критични за да се постигнат сите договорени рокови и датуми за напредок, рече Хан.

Тој рече дека очигледно е дека има промени во земјата, поради, како што рече, изменетата политичка средина, укажувајќи на големиот наредок во развојот како земја и дека Македонија е пример за регионот.

Одговарајќи на новинарско прашање за улогата на законот за јазиците за европската перспектива на Македонија, за кој се води расправа во Собранието, Хан рече дека  овој закон не е дел од договорното за испорачување реформи до крајот на годината.

-Ова е многу разумно барање и како што кажав и денеска и минатиот пат, властите треба да направат приоритети за оние области каде што ќе добијат позитивни оценки според постигнувањата. Законот не е дел од договореното во овој контекст, но доколку се усвои во следните неколку недели врз основа на препораките од Венецијанската комисија е во ред, рече Хан.

Премиерот Заев, кој на почетокот потсети на она што на реформски план го прави Владата како дел од Планот 3-6-9, одговарајќи на прашање кога очекува Македнија да стане дел од ЕУ, рече дека неговите надежи се дека тоа ќе се случи многу порано од 2015 година, иако  потенцира дека тоа е само негово лично очекување, но дека се зависи од перформансите на земјата.

Премиерот Заев, пак, информира за преземените активности во делот на итните реформски приоритети во судството, контролата на разузнавачките служби и за целосна деполитизација и професионализација на администрацијата. Нагласи дека домашните реформски иницијативи и активности во надворешната политика никогаш не биле подинамични и оти интензивно се работи на подобрување на односите со сите соседи, вклучувајќи ја и Грција со која забрзано и заеднички се работи на решавање на проблемот.

– Затоа очекуваме со право РМ да стане дел од Стратегијата за проширување на ЕУ најавена да биде соопштена во февруари наредната година. Очекуваме да добиеме чиста препорака за влез во ЕУ и датум за претпристапни преговори на ЕУ со РМ. Ние ќе испорачаме резултати затоа што овие реформи пред се се за наше добро, но во исто време очекуваме нивно соодветно вреднување од европските институции. Време е во многу блиска иднина да се направи неопходен исчекор и РМ целосно да биде извлечена од долгогодишната криза и со европскиот ветер во грбот да ја заокружи својата визија за модерна, економски напредна и респектирана држава. Заеднички РМ, државите од регионот и ЕУ да го зграбиме моментот за доброто на сите граѓани, рече Заев.

Во врска со најавата за стратегијата на ЕУ за Западен Балкан,  Хан посочи дека во стратешки документ ќе бидат вклучени сите шест земји од Западен Балкан во насока на нивната перспектива за добивање полноправно членство во ЕУ, меѓу нив и Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со стратешкиот документ којшто се подготвува, а во кој според некои информации од Брисел за полноправно членство во ЕУ во 2025 година се предвидени Србија и Црна Гора, Хан посочи дека на регионот на Западен Балкан во Брисел се гледа како целина и дека нема да постои дистинкција меѓу земјите.

Зоран Заев Јоханес Хан прес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.