Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан утре во Скопје го отвора скринингот за почеток на преговори со ЕУ

1
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе пристигне во Македонија, со што почнува скрининг- процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Според агендата, Хан изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев во петокот на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.

– Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за кој е многу важно колку време ќе потрошиме, рече Заев.

Додаде дека од 33-те поглавја за Македонија, ќе треба да има и 33 работни групи во кои ќе треба да се вклучат претставници и од институците и од граѓанскиот сектор.

Во однос на референдумот уште еднаш изрази уверување дека тој ќе биде успешен и оти неделава ќе се прецизираат прашањата околу тоа кога ќе биде референдумот, дали тој ќе биде обврзувачки или консултативен и како ќе биде формулирано референдумското прашање. Најави дека ќе побара опозицијата и сите политички чинители да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.

Посетата на Хан следува по одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија и со Албанија, на самитот на крајот на јуни.

Советот на ЕУ на ниво на министри препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019, но двете земји до отворањето на преговорите ќе треба да постигнат напредок во реформите.

Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади на ЕУ да ја потврдат одлуката, изјави денеска прес-конференција претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск со премиерот Зоран Заев.

Еврокомесарот Хан изјави дека подготовките за скрининг процесот ги почнува веднаш.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи тогаш ја најави посетата на Хан, истакнувајќи дека првите денови од скринингот е всушност објаснувачки.

преговори ЕУ Скопје скрининг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.