Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харадинај бара оставка од Река поради најавата за компромис со Србија

0
By Нова ТВ on March 7, 2020 СВЕТ
Фото: mei-ks.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 7, 2020 12:52

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај побара оставка од министерот за европски интеграции, Блерим Река поради неговата изјава дека е потребен компромис со Србија, на тој начин што ќе ѝ се даде транзитен коридор за излез на Јадранското Море. 

Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека овој предлог на Река значи „враќање на Косово во Србија и отворање на патот на Србија за влез во Албанија“.

„Оваа уништувачка понуда ѝ овозможува на Србија да влезе во албанството и да го реализира вековниот сон за освојување на албанските земји. Овој министер треба веднаш да даде оставка пред да му се побара тоа. Овие изјави и ризичните однесувања на Владата на измамата, прво за укинување на таксата и сега за понудата за излез на Јадранот, произведуваат последици на потчинување и политичка капитулација“, пишува Харадинај.

Идејата за коридор за Србија, како замена за отстапување територија, Река ја изнесе во вчерашното интервју за државната телевизија РТК.

„Наместо ова што се зборува или заговара дека наводно треба да се даде територија на Србија, јас имам една друга понуда. Ние можеме да ѝ дадеме на Србија транзитен коридор за излез на Јадранското Море, преку Косово, преку косовскиот автопат до Драч. И мислам дека тоа е фер компромис за Србија“, изјави Река.

На оваа изјава на министерот за евроинтеграции реагира и опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), која смета дека таквите ставови се опасни за косовската држава.

Блерим Река Косово Рамуш Харадинај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.