Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харадинај до Тачи: Преговори за промена на границите е предавство

0
By Нова ТВ on August 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 21, 2018 09:10

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш остро се спротивстави на најавите на претседателот на државата Хашим Тачи за корекција на границите со Србија, порачувајќи дека таквите обиди претставуваат национално предавство и дека „секој кој посакува поместување на границите треба да знае дека повикува на нова војна“.

– Никој нема право да расправа за границите на Косово и доколку некој се обиде тие граници да ги помести, тој врши национално предавство, изјави синоќа Харадинај во интервју за приштинската КТВ, додавајќи дека дејствијата во правец на промена на границите неминовно водат кон нова војна.

Харадинај, како што јави МИА од Приштина, рече дека припојувањето на Прешевската Долина кон Косово, за што се залага Тачи под декларативната заложба за „корекција на границите“, е нешто неостварливо и дека е „погрешно поврзувањето на темите како што е признавањето меѓу Косово и Србија со териториите, бидејќи такво нешто е невозможно“.

Претседателот Тачи, според претседателот на косовската Влада, ја има довербата на косовските институции во однос на дијалогот за меѓусебно признавање со Србија, но не и за да расправа за редефинирање на границите.

– Признавањето треба да биде меѓу двете држави во постоечките граници, без никакво поместување, рече Харадинај.

Косовскиот премиер порача дека „никој нема мандат да преговара за територијата на Косово“.

– Дијалогот е политички и е само за обострано признавање. Желбата постои, но да ја помести територијата на Косово нема мандат ниту претседателот Тачи, ниту било кој друг. Ќе ја прифатиме Прешевската Долина со задоволство доколку Србија доброволно ни ја даде, но никој нема право да преговара за територијата на независната држава Косово, прогласена на 17 февруари (2008-ма). Ние не говориме за желби, туку за реалност која е создадена со војна. Имаме изгубени животи за оваа реалност и за овие граници, рече Харадинај.

Тој во неколку наврати во текот на интервјуто за КТВ рече дека преговарањето за територии и граници претставува национално предавство.

– Никој нема мандат да зборува за границите. Јас не смеам да разговарам за границите. Претседателот Тачи не смее да разговара, премиерот не смее, ниту претседаелот на Собранието (Кадри) Весели не смее да разговара за територии. Нема дијалог кога се зборува за територии. Тоа е повик за војна. Повредата на територијата на државата значи војна, порача Харадинај.

Граници Косово Тачи Харадинај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.