Поранешниот косовски премиер и претседател на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денеска повторно ќе се појави пред судот во Колмар, Франција.
Харадинај беше приведен на 4 јануари на аеродромот во Базел, Швајцарија по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија поради сомневање дека во 1998 и 1999 година направил воени злосторства над Србите и друго неалбанско население на Косово.
Францускиот суд на 12 јануари го пушти на слобода да ја чека конечната одлука.
Хашкиот трибунал во 2012 го ослободи Харадинај од сите точки на обвинување, а српските органи тврдат дека имаат нови докази против него.