Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хашим Тачи повика да се гласа на референдумот: Ова е историски момент

0
By Нова ТВ on September 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постигнатиот договор со Грција за името, е најправична одлука, затоа што иднината и на Косово и на Македонија и на целиот реигон е ЕУ и НАТО. Косово ви дава целосна поддршка да се движите напред кон членството во НАТО и европската иднина.

Ова го нагласи на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, претседателот на Косово Хашим Тачи, кој се наоѓа во еднодневна посета на Република Македонија. 

Тачи ги повика граѓаните на Република Македонија да учествуваат на референдумот и да гласаат „за“ затоа што, оцени, Македонија во НАТО значи мир во целиот регион, вклучувајќи го и Косово. За него, ова е историски момент што треба да се искористи.

Остваривме средба како лидери на две држави што немаат отворени прашања, нагласи премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција.

 

Позитивните и конструктивни билатерални односи, и соработката на сите нивоа остварени досега,потенцира Заев, не охрабруваат да одиме чекор понатаму, да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебните односи.

– Такви можности се отвораат со заедничката поддршка за отворање на граничниот премин Белановце-Станчиќ, како и со неопходноста инфраструктурно поврзување какво што ќе се оствари со изградбата на делницата на автопатот Блаце-Скопје, изјави премиерот Заев изразувајќи убедување дека тоа ќе ја интензивира економската соработка и ќе го зголеми обемот на трговијата меѓу двете земји.
Според него, добар чекор напред ќе биде воспоставување на Мешовит комитет за економска соработка и други заеднички комитет за идентификување на дополнителни заеднички проекти, како и за градење заеднички стратегии за подобра интеракција помеѓу деловните заедници на двете земји.
Заев истакна дека еден од заедничките приоритети е и енергетско поврзување и енергетска соработка. Косовскиот лигнит за македонските компании како заеднички проект, е од особено значење. Истовремено, најави, Република Македонија ќе иницира изградба на гасовод за Косово.
Сите овие иницијативи, и многу други, беше речено на прес – конференцијата, ќе се најдат на дневниот ред на заедничка владина седница, која ќе се реализира наскоро.
Заев истакна дека важна и заедничка точка е и регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ и НАТО.
– Тоа е нашата стратешка определба за која веќе имаме потврдени позитивни искуства. Тоа е резултат на нашиот пристап во овој процес. Тој е многу отворен, конструктивен и искрен. Без никакви скриени агенди, подвлече претседателот на Владата на РМ, поздравувајќи го тековниот дијалог меѓу Приштина и Белград.
Македонија поддржува решение межу Белград и Приштина
Напредокот во таа насока, вели Заев, е клучен за одржливата регионална стабилност и развој.
– Македонија го поддржува позитивното решение за Косово што ќе ја унапреди благосостојбата на Албанците, Србите и другите граѓани на Косово. Решение кое го зајакнува мирот, безбедноста и просперитетот на Косово, Србија и целиот регион, изјави македонскиот премиер. Многу е важно, повтори, лидерите во регионот да бидат обединети во истите цели: одржлив мир, економски развој, регионална соработка и членство во ЕУ.
Тачи, во таа насока, потенцира дека треба да се постигне историска спогодба и меѓу Косово и Србија, а што значи реципрочно признавање, а за тоа, рече, единствен пат е дијалогот.
– Спогодбата е многу тешко да се постигне, многу бариери. Јас сум оптимист, изјави меѓу другото Тачи, додавајќи оти ќе направи огромни напори да се постигне историска спогодба со Србија, со која ќе се зачува мултиетничноста, без решенија по етнички линии.
На новинарско прашање за демаркацијата на границите со Србија, Тачи уште еднаш повтори дека со дијалог треба да се постигне мирно решение, со дебати и компромис, во европски дух, а соседните пријателски земји ќе се чувствуваат „комотни“.
– Косово ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји, Македонија, Црна Гора и Албанија, но со Србија треба да се заврши процесот за демаркација на 430 километри. Кога бев премиер, првата земја со која направивме демаркација беше Македонија. Дебатите и дискусиите не беа лесни но беа успешни, рече Тачи.
Одговарајќи на прашањето зошто нема да се сретне со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, претседателот на Косово меѓу другото истакна дека нема да зазема страна, а политиките не треба да се водат според, како што рече „политички шеми, туку според националните интереси интереси на двете држави и на граѓаните“.
прес референдум Скопје Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.