НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: 27 кривични дела за време на насилствата во Собранието

0
By Нова ТВ on May 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска излезе со Посебен извештај за идентификувани сторители и можни кривични дела сторени за време на насилствата во Собранието на 27 април.

Извештајот содржи вкупно 27 кривични дела, од кои за 17 веќе постојат значителен број на докази и 10 кривични дела за кои постои сомнение дека се извршени. Можните сторители се поделени во четири групи: 1) организатори, 2) извршители, 3) полициски службеници и 4) нивни претпоставени).

Кривичните дела произлегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а беа насочени против: 1) животот и телото, 2) слободите и правата на граѓаните, 3) имотот, 4) сигурноста, 5) државата, 6) службената должност, 7) правосудството и 8) јавниот ред. Улогата на правосудните органи е да утврдат дали и кои од посочените кривични дела се сторени или имало обид за нивно сторување и да не дозволат погрешна квалификација, колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање.

-Овој посебен извештај се однесува на кривични дела идентификувани преку фотографии, аудио-видео материјали и сведоштва, како и на кривичните дела за кои постојат сомненија, но сè уште не е истражено дали биле сторени и од кого. Извештајот се осврнува на повредите на права и слободи гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик, се вели во Извештајот.

Притоа се напоменува дека тој е наменет за информирање на јавноста, но и како алатка која на правосудните органи може да им послужи при носењето на одлуки поврзани со квалификацијата на кривичните дела и индивидуализација на кривичната одговорност при изрекувањето на казни од страна на суд.

Во продолжение се детално се наведени можните кривични дела според членови од Кривичниот законик.

ПОВРЕДА НА ПРАВА И СЛОБОДИ ГАРАНТИРАНИ СО УСТАВОТ НА РМ
ПРАВО ИЛИ СЛОБОДАПОВРЕДЕНИ ЗАТОА ШТО
Право на живот

Член 10

Полицијата не ја исполни својата позитивна обврска да го заштити животот на нападнатите пратеници.
Право на физички и морален интегритет

Член 11

Полицијата е пасивна, не презема службени дејствија за заштита и свесно не ги извршува своите овластувања.
Право на слобода

Член 12

Дел од пратениците повеќе од три часа беа противправно лишени од слобода.
Право на вршење на јавна функција

Член 23

Организираниот напад беше насочен кон суспендирање на правото на новоизбраниот претседател на Собранието, но и на други пратеници.
Право на здравствена заштита

Член 39

Протестантите не дозволија навремен пристап на медицински возила. Полицијата реагираше предоцна

 

КАТЕГОРИИ НА СТОРИТЕЛИ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА
1. Организатори Лица за кои постои сомнение дека нарачале, договарале, планирале или поттикнувале вршење на кривични дела. Истрагата треба да ги опфати и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ за утврдување на можен статус на организатори во кривична смисла.
2. ИзвршителиСите лица што во Собранието влегоа насилно и за кои постојат фотографии, аудио и видео записи, сведоштва или признанија дека сториле кривично дело.  директните напаѓачи и лица што овозможиле, помагале или прикривале кривични дела.
3. Полициски службенициСите што не применуваа полициски овластувања, помагаа, ги злоупотребија своите овластувања или положба и овозможија сторување на кривични дела.
4. Претпоставени полициски службенициСите во хиерархијата на Оперативниот штаб на МВР за кои постои сомнение дека издале незаконити наредби, или свесно се откажале од издавање на законити и задолжителни наредби.

 

I. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЖИВОТОТ И ТЕЛОТО
КРИВИЧЕН ЗАКОНИКДОКАЗИ, ОСНОВАНО СОМНЕНИЕ,

ОДГОВОРНОСТ И КАЗНА

1. Обид за убиство

Член 123 во врска со Член 19

Докази се тешките телесни повреди, фото и видео материјали и сведоштвата за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и сведоштва на нападнатите жртви пратеници.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: најмалку 5 години затвор

2. Телесна повреда

Член 130

Докази се полесните телесни повреди (кај лицата со дозвола за влез во Собранието) во вид на подливи, црвенила, модринки или гребаници каде извршителот делувал индивидуално. Гонењето се презема по приватна тужба.

Одговорност: извршители и државата (за штета)

Казна: парична казна или затвор до 3 години

3. Тешка телесна повреда

Член 131

Докази се утврдените потешки телесни повреди и нарушувањето на физичкото и психичкото здравје на жртвите.

Одговорност: организатори, извршители и државата (за штета)

Казна: затвор од 6 месеци до 5 години

4. Учество во тепачка

Член 132

Докази се фото и видео материјалите на учесници во тепачки во кои неколку жртви беа потешко повредени, вклучително и повреди кај жртви што применија нужна одбрана поради што не сносат кривична одговорност.

Одговорност: извршители

Казна: затвор од 3 месеци до 3 години

5. Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница

Член 133

Докази се фото и видео материјалите преку кои можат да се идентификуваат сите лица кои при тепачките или караниците посегнаа по опасно орудие (на пр. статив од видео-камера, делови од мебел, метални шипки итн.)

Одговорност: извршители

Казна: парична казна или затвор до 3 години

6. Излагање на опасност

Член 134

Докази се фото и видео материјалите, како и сведоштвата за сите што оставија без помош жртви во состојба на опасност за животот, која самите ја предизвикаа. Сторители се и лицата што не дозволија евакуација и пристап на брзата помош до жртвите.

Одговорност: извршители

Казна: затвор од 3 месеци до 3 години или до 5 години ако жртвата била тешко телесно повредена

7. Неукажување помош

Член 136

Докази се фото и видео материјалите и сведоштвата за лица што не им укажаа помош на жртвите кои се наоѓа во состојба на опасност за животот (нема кривична одговорност во случај кога тоа не можеле да го сторат без да постои опасност за нив или за друг)

Одговорност: присутните во Собранието

Казна: парична казна или затвор до 1 година

 

II. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
8. Противправно лишување од слобода

Член 140

Доказ се фото и видео материјалите и сведоштвата за лицата што дел од пратениците ги држеа затворени и им ја одземаа или ограничија слободата на движење.

Одговорност: извршители

Казна: парична казна или затвор до 1 година

9. Загрозување на сигурноста

Член 144

Докази се фото и видео материјалите и сведоштвата за лицата што на пратениците им упатија сериозна закана дека ќе ги нападнат нивниот живот или тело или животот или телото на нивни блиски лица. За закана кон едно лице гонењето се презема по приватна тужба, а кон повеќе лица по службена должност.

Одговорност: извршители

Казна: парична казна или затвор до 6 месеци или до 3 години ако заканата била кон повеќе лица

 

III. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИМОТОТ
10. Оштетување туѓи предмети

Член 243

Докази се фото и видео материјалите за лицата што оштетија, уништија или сторија неупотреблив(и) предмет(и) во Собранието.

Одговорност: извршители

Казна: парична казна или затвор до 3 години или до 5 години ако штетата била значителна

 

IV. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ НА ЛУЃЕТО И ИМОТОТ
11. Предизвикување општа опасност

Член 288

Докази се фото и видео материјалите за сите што со општоопасно дејствие (на пр. отстранување на барикади) или средство (на пр. статив од видео камери и метални шипки) предизвикаа значителна опасност за животот или телото на големиот број на присутни во Собранието и имотот од големи размери.

Одговорност: извршители

Казна: затвор од 1 до 5 години

 

V. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА
12. Велепредавство

Член 305

Сомнение дека со употребата на сила и сериозна закана извршен е обид за изменување на уставниот поредок (владеење на малцинството наспроти мнозинството) или обид да се собори Собранието како еден од највисоките државни органи.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од најмалку 5 години

13. Насилство спрема претставници на највисоките државни органи

Член 311

Сомнение дека постоеше намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата со сериозна закана новоизбраниот претседател на Собранието да биде спречен при вршењето на неговата должност.

Одговорност: организатори

Казна: затвор од најмалку 4 години

14. Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Член 313

Сомнение дека постоеше намера да се загрози уставниот поредок и безбедноста на државата преку сериозни закани и со акт на насилство, при што беше создадено чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Сомнението е засилено со пронаоѓањето на импровизираната бомба во Собранието, составена од плинска боца и пиротехнички материјали.

Одговорност: организатори и изврштиели

Казна: затвор од најмалку 10 години

15. Саботажа

Член 315

Сомнение дека дел од пратениците во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата на прикриен и подмолен начин предизвикааа значителна штета за Собранието. Сомнението произлегува од видео снимки на кои се гледа како пратеници свесно ја отворија вратата на Собранието, комуницираа со организаторите или извршителите и ги насочуваа при нивното движење.

Одговорност: пратеници-извршители

Казна: затвор од најмалку 4 години

16. Повикување на насилна промена на уставниот поредок

Член 318

Сомнение дека постоеше намера да се загрози уставниот поредок и безбедноста на државата со јавно повикување и поттикнување на непосредно извршување или поддршка за  извршување на делата од точките 13-15 во овој текст. Сомнението произлегува од објавите на социјалните мрежи на организаторите на протестот „За заедничка Македонија“ и реториката за време на протестите.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 3 месеци до 5 години

17. Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост

Член 319

Сомнение дека преку присилба, малтретирање и загрозување на сигурноста беше предизвикана и разгорена омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка и етничка припадност поради што дојде до безредие и насилство спрема луѓе и имотна штета од поголеми размери. Потврдата на ова сомнение би значело дека дел од кривичните дела се дела од омраза, што претставува отежнителна околност за можните сторители.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 1 до 10 години

18. Криење и помагање на сторител по извршено кривично дело

Член 325

Сомнение дека на можните сторители на кривичните дела од точка 12-15 во овој текст им било помагано, дадено засолниште, биле користени за одржување врска и биле преземани дејствија насочени кон спречување на нивно откривање или фаќање. Сомнението произлегува од наводите дека дел од осомничените што вечерта биле приведени, биле ослободени на пат кон полициска станица и дека дел од видео-снимките од безбедносните камери биле уништени.

Одговорност: организатори, полициски службеници и претпоставени полициски службеници

Казна: затвор од 1 до 10 години

 

VI. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ
19. Злоупотреба на службената положба и овластување

Член 353

Доказите произлегуваат од фото и видео материјалите на кои се гледаат полициски службеници што ја злоупотребуваат својата службена положба или овластување, со неизвршување на својата службена должност и нанесување на потешка повреда на правата на жртвите и голема штета на имотот на Собранието.

Одговорност: полициски службеници и претпоставени полициски службеници (доколку издале незаконска наредба)

Казна: затвор од 6 месеци до 5 години

20. Неизвршување наредба

Член 353-б

Сомнение дека полициските службеници при вршење на должноста што се однесува на спречување и откривање на кривичните дела, фаќање на сторителите и одржувањето на јавниот ред, мир и безбедноста на земјата не извршија или одбија да извршат наредба на претпоставен за преземање некое службено дејствие, па поради тоа настапи потешка повреда на правата на присутните во Собранието, потешко нарушување на јавниот ред и мир и значителна имотна штета. Нема кривично дело ако полициските службеници одбиле да извршат незаконита наредба во кој случај претпоставениот службеник одговара под точка 19 од овој текст.

Одговорност: полициски службеници и претпоставени полициски службеници

Казна: затвор од 3 месеци до 3 години

 

VII. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ПРАВОСУДСТВОТО
21. Непријавување кривично дело или сторител

Член 364

Сомнение дека полициски службеници и пратеници свесно пропуштија да пријават кривични дела за кои дознале во вршењето на својата должност кога за тие дела може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна (види точки 1, 12-18 и 19-22 и 26 во овој текст).

Одговорност: полициски службеници, претпоставени полициски службеници, пратеници и вработени во Собранието

Казна: затвор од 1 до 3 години

 

VIII. КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД
21. Спречување службено лице во вршење службено дејствие

Член 382

Сомнение дека полициски службеници, преку малтретирање, навреди, сила или сериозна закана за напад врз нивниот живот или тело, се спречени во вршење на службата.

Одговорност: организатори, претпоставени полициски службеници, извршители

Казна: парична казна или затвор до 3 години

22. Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста

Член 383

Доказите произлегуваат од констатираните повреди кај полициски службеници или лица кои помагаат при вршење работи на јавната безбедност или заштита на уставниот поредок (собраниско обезбедување и телохранители).

Одговорност: организатори и извршители

Казна: парична казна или затвор до 3 години или до 5 години доколку имало малтретирање, навредување и телесна повреда

23. Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие

Член 384

Доказите произлегуваат од фото и видео материјалите и сведоштвата за лица што учествуваа во толпа што со заедничко дејствување спречи или се обиде да спречи полициски службеници во вршење на службено дејствие.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 1 до 3 години за извршителите и до 5 години за организаторите (водачи на толпата)

24. Учество во толпа што ќе изврши кривично дело

Член 385

Доказите произлегуваат од фото и видео материјалите и сведоштвата за учесници во толпата што со заедничко дејствување стори насилства спрема луѓе и оштети и уништи имот од поголема вредност.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: парична казна или затвор до 3 години, до 5 години доколку некое лице било тешко повредено или е предизвикана штета од големи размери, до 10 години за организаторот (водач на толпата)

25. Насилство

Член 386

Доказите произлегуваат од фото и видео материјалите и сведоштвата за лица што малтретираа, грубо навредуваа, ја загрозија сигурноста на присутните во Собранието или врз нив вршеа грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикаа чувство на несигурност, загрозување или страв.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 3 месеци до 3 години за насилство од едно лице, до 5 години за организаторот или доколку е извршено од две или повеќе лица, над повеќе присутни во Собранието, настанала тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност или е предизвикана телесна повреда и до 10 години доколку е предизвикана тешка телесна повреда.

26. Злосторничко здружување

Член 394

Сомнение дека за немирите во Собранието е создадена група или банда што имала за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три или повеќе години. Сомнението произлегува од маскираните и координирани напаѓачи, нивното снаоѓање во собраниската зграда, организираното делување и воспоставените врски со дел од полициските службеници.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 1 до 10 години за организаторот (создавачот на групата) и од 6 месеци до 5 години за припадникот на групата

27. Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Член 394-г

 

Сомнение дека некои од присутните во Собранието и други лица, преку компјутерски систем во јавноста ширеа расистички и ксенофобичен пишан материјал, слики и други репрезентации на идеи или теории што помагаа, промовира или поттикнуваа омраза, дискриминација и насилство, против одредени лица и групи, врз основа на етничка и политичка припадност. Сомнението произлегува од материјали што се шират по социјалните мрежи и дека поради нив дојде до безредие и насилства спрема луѓе и до имотна штета од големи размери.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 1 до 10 години

28. Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело

Член 395

Доказ е пронајдената импровизирана бомба составена од плинска боца и пиротехнички материјали во Собранието. Бомбата очигледно била изработена за извршување на кривично дело против присутните во Собранието и предизвикување на значителна материјална штета.

Одговорност: организатори и извршители

Казна: затвор од 1 до 5 години

насилства Собрание Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.