Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки Комитет: Бремените работнички уживаат посебна заштита во трудово законодавство

0
By Нова ТВ on February 28, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 28, 2020 12:31

Работничка, на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување, побарала правна помош од Хелсиншкиот комитет, по што случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по утврдена повреда го укинал решението за прекин на работниот однос и му наложил на работодавачот да ја врати работничката на работа. Работодавачот, како што информирата од Хелсиншки комитет, ѝ го врачил отказот на работничката додека била на боледување, со образложение дека неоправдано отсуствувала од работа во претходниот период, што претставува повреда на одредбите на Законот за работни односи, иако за истото таа никогаш претходно не добила никакви предупредувања.

„Случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по спроведениот вонреден инспекциски надзор утврди повреда на Законот за работни односи од страна на работодавачот и дискриминација на работничката. Државниот инспекторат за труд со свое решение го укина решението за прекин на работниот однос на работничката и му наложи на работодавачот да ја врати работничката на работа. Работодавачот постапи по наредбата на Државниот инспекторат на труд и ја врати работничката на нејзиното работно место“, информираат од Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншкиот комитет, наведуваат дека бремените работнички уживаат посебна заштита со македонското трудово законодавство.

„Работодавачот не смее да откаже договор за вработување на работничка за време на бременост, ниту за време на отсуство заради боледување. Доколку работничката сторила потешки прекршувања на договорните обврски, може да и биде откажан договорот за вработување, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работничката или по добиена согласност од Државниот инспекторат за труд“, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Овие дејствија на работодавачот претставуваат директна дискриминација врз работничката на основа на нејзиниот пол, род и личен статус и се забранети со Законот за работните односи и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Овој случај, се вели во соопштението до Хелсиншкиот комитет, ја отсликува честата практика на работодавачите да ги дискриминираат жените врз основа на пол, род, лично својство, семејна или брачна состојба и ја потврдува особената ранливост и подложност на дискриминација на бремените жени во областа на вработувањето и работните односи.

„Ваквите случаи дополнително ја акцентираат потребата за усогласување на домашното трудово законодавство со она на Европската унија и со стандардите на Меѓународната организација на трудот, се со цел подобра превенција и заштита од дискриминација на жените во областа на вработувањето и работните односи“, стои во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикуваа сите доколку сметаат дека се жртва на дискриминација да го пријават случајот.

дискриминација работнички права Работодавач Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.