Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет по апелот да не се фотографираат пациенти од пожарот во Кочани: Приватноста не смее да се користи како алиби за цензура

0
By Marija Todorovska on July 7, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Хелсиншки комитет за човекови права
Фото: Хелсиншки комитет за човекови права
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 7, 2025 12:30
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат или снимаат пациентите кои се лекуваат во болницата во Кочани, откако беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Иако заштитата на приватноста и достоинството на пациентите е од голема важност, состојбата и условите во кои се лекуваат жртвите од оваа трагедија претставува највисок јавен интерес. Апелите што имаат за цел да ограничат медиумско покривање во вакви ситуации се проблематични и претставуваат потенцијален обид за институционално ограничување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана, велат од Хелсиншки комитет за човекови права.
Тие потенцираат дека со тоа Министерството ризикува да воспостави штетна пракса која може да води кон цензура и самоволни ограничувања на медиумската работа.
Ја потсетуваме институцијата дека новинарската етика и професионалните стандарди се предмет на саморегулација и дека за овие прашања се надлежни телата како Советот за етика во медиумите и Судот на честа при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), велат тие.
Член 16 од Уставот на Република Северна Македонија гарантира слобода на изразување, како и забрана на цензурата. Вакви инструкции што доаѓаат од државни институции, дури и кога се претставени како апели, можат да се сфатат како форма на институционален притисок.
Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за здравство да се воздржи од наметнување на неформални ограничувања врз работата на медиумите и ги охрабрува новинарите да продолжат да известуваат професионално, етички и со чувствителност кон жртвите – но и со јасно чувство за одговорност кон јавниот интерес.
Демократијата се темели врз транспарентност и слободно и критичко информирање. Затоа, секој обид за ограничување на тие принципи претставува закана за правата и слободите на сите граѓани, апелира Хелсиншки комитет за човекови права.
дискотека пулс јавен интерес Министерство за здравство пациенти Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.