Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Најголеми жртви на дискриминација се одредени ранливи групи

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 27, 2018 11:56

Одредени ранливи групи се особено жртви на дискриминација. Станува збор за Роми, лица со физичка и интелектуална попреченост, жените од малцинските етнички заедници, жените од руралните средини и луѓето од ЛГБТ заедницата. Ова денеска го истакна извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (ХК), Уранија Пировска, на презентацијата на извештајот за обезбедена правна помош на социјално ранливите и маргинализирани групи на лица во рамки на проектот „Поддршка од граѓанско општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, рече дека во неколку случаи костатирале повеќекратна дискриминација.

– Има зголемување на бројот на претставки, што значи е подигната свеста на ранливите групи за нивните права и за тоа каде може да се обратат за да ја добијат потребната заштита, додаде Пировска.

Игор Јандровски рече дека 64 барања за бесплатна правна помош во случаи на дискриминација и прекршување на права на таргетираните ранливи групи кои опфаќаат голем број лица засегнати со проблемите, документирал Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Потенцира дека најголем број од случаите – 57 се однесуваат на барања за правна помош за заштита од дискриминација, а во седум од случаите граѓаните побарале заштита за прекршување на право.

– Во 47 од документираните случаи граѓаните сметаат дека биле дискриминирани врз една дискриминаторска основа, додека во осум случаи беше констатирано дека станува збор за дискриминација врз повеќе основи, најчесто тоа се пол и род (14 случаи), пол, род и возраст, пол, род, верско убедување и сл. Тринаесет случаи се однесуваат на дискриминација врз основа на физичка и интелектуална попреченост. Има зголемен тренд и на пријавување на случаи на дискриминација врз основа на религија и верско убедување, чиј број изнесува девет, рече Јандровски.

Проектниот координатор и правен советник во Хелсиншкиот комитет, Неда Чаловска Димовска истакна дека има еден до два случаи годишно на лица со попреченост кои се обратиле до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

– За година и пол добивме повеќе од 20 претставки за дискриминација или прекршување на права кои се однесуваат на системски проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост. Главната пречка за тие да побараат помош или поддршка од институциите е физичката непристапност. Дел од нашите препораки се да се обезбеди физичка пристапност за да можат да ги уживаат сопствените права и да бараат заштита од органите, рече Чаловска Димовска.

Посочи дека како области во кои забележале најмногу дискриминација се работните односи, потоа е образованието, здравствената заштита и пристапот до добра и услуги. – Ние бараме законите за спречување и заштита од дискриминација и за бесплатна правна помош да овозможи олеснување на трошоците односно граѓаните да можат да поведат судска постапка без да плаќаат судски трошоци, рече Чаловска Димовска.

Посочи дека имале претставки од Роми ученици во средно училиште дека во средните училиша има класови кои се само ромски, македонски и албански и додаде дека тоа е сериозен проблем и треба да се донесе соодветна програма за да се реши.  Од Хелсиншки комитет предлагаат сегрегацијата да биде ставена и како посебен облик на дискриминација во измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Извештајот со податоците кои се однесуваат на периодот август 2016 – јануари 2018 година, е објавен во брошура на македонски, албански и англиски јазик.

дискриминација Извештај Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.