Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Родовата еднаквост се уште е само декларативна заложба

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет на денот на Меѓународниот ден на жената изразува загриженост во однос на состојбата со родовата еднаквост во државата, која како што се истакнува, се уште останува да биде декларативна заложба на властите.

-Жените во Република Македонија се уште се соочуваат со дискриминација по основ на пол и род во сите општествени процеси, без притоа да имаат заштита на нивните права. Текстилните работнички, жените од руралните средини, жените Ромки, жените жртви на насилство, жените со попречености, спаѓаат меѓу најранливите групи во нашето општество, за кои државата се уште не презема суштински мерки кои би го подобриле нивниот социјален и општествен статус. Образованието останува недостапно за голем број на девојчиња, факт кој најчесто се должи на непристапноста на образовните објекти, како и поради испишувањето на голем број ученички како резултат на сиромаштија или стапување во малолетнички бракови, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Притоа Хелсиншкиот комитет ги предочува следниве факти за состојбата во Македонија:

-78% од жртвите на физичко насилство се жени додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Над 3/4 од случаите на семејно насилство не се  пријавени во ниту една јавно достапна служба.

-Најчестата причина поради која девојчињата го напуштаат училиштето се малолетничките бракови

-81% од вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија се жени и тие се едни од најниско платените работнички со 35% пониска просечна плата од просечната плата на државно ниво.

Од Организацијата потсетуваат дека Ратификувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција, претставува најзначајниот чекор кој оваа Влада го направи во борбата со насилството врз жените и домашното насилство.

На крајот, од Хелсиншкиот комитет укажуваат на неколкуте случаи на насилство врз жени, вклучително и сексуално насилство врз малолетно девојче, штитеник на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”, кои како што истакнуваат „претставуваат само примери на целосно нефункционалниот систем за грижа и заштита на жените и девојчињата“.

-Од овие причини бараме државата итно да започне со промена на законската рамка и собирање на статистички податоци за регистрирање на сите форми на родово базирано насилство, да обезбеди сервиси за жените и девојчињата жртви на насилство и да им обезбеди заштита на сите жени чии права секојдневно се прекршуваат, велат од Хелсиншкиот комитет.

8 март родова еднаквост Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.