НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Тодоров не е меѓу обвинетите за смртта на Тамара

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќе од 3 години од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, ОЈО денеска поднесе обвинение против Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение.

Хелсиншкиот комитет за човекови права кој во 2015 година поднесе кривична пријава против 9 лица меѓу кои и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, во денешното соопштение наведува дека не се согласува со одлуката на Основното јавно обвинителство Тодоров да биде изземен од обвинението на ОЈО, бидејќи како што сметаат дека има „очигледното пречекорување на законските овластувања на тогашниот министер Никола Тодоров преку давањето неточна информација до јавноста за отварање на центар кој ќе врши операции на пациенти со деформитет на рбетот при Клиниката за ортопедски болести во Скопје“.

-Поради ова во овој дел, одлуката сметаме дека треба да биде обжалена до Вишото јавно обвинителство, велат од Хелсиншки. 

Според доставеното известување, Основното јавно обвинителство констатирало дека првостепената одлука на комисијата при Фондот за здравствено осигурување е донесена надвор од законскиот рок за итно постапување, како и дека основа за одлуката е изјавата на тогашниот минситер за здравство, Никола Тодоров, дека пациентите со деформитет на рбетот нема да одат во странство, поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент се уште не постоеле услови во Република Македонија за извршување на вакви операции. Одлуката е донесена без присуство на доктор ортопед и трауматолог, како доктори во чија специјалност припаѓа заболувањето на малолетната Тамара Димовска, иако претседателот/заменик претседателот задолжително требало да избере состав на доктори-членови на комисијата во чија надлежност спаѓа нејзиното заболување.

Второстепената комисија постапува на истиот начин и при донесувањето на одлуката со која се потврдува првостепеното решение во предвид ја зема изјавата на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров, со која се информира јавноста дека пациентите со деформитет на рбетот нема да одат во странство, поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент се уште не постоеле услови во Република Македонија за извршување на вакви операции, објаснуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Претходно денеска Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против 12 луѓе за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата,во слуачјот со лекувањето на Тамара Димовска. 

Според ОЈО обвинети се петмината доктори членови на првостепената комисија која дала негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Со обвинението се опфатени уште и докторите од второстепената лекарска комисија како и двајца поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување и тогашниот претседател на Управниот одбор на Фондот.

Надлежниот јавен обвинител ја отфрли кривичната пријава против тројца луѓе за „Несовесно работење во службата“ и за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ . За овие три лица било утврдено дека немале овластувања да одлучуваат и не учествувале во одлучувањето за лекувањето на починатото дете.

Против дедото на Тамара Љупчо Стојановски се води процес за обид за убиство на Тодоров. Тој е обвинет пукал кон екс министерот на примопредавањето на функцијата. Неговата адвокатка која го застапува, вели дека Стојановски немал намера да го убие Тодоров, туку сака да испрати порака до властите да не дозволат да почине дете поради негрижа на државата.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска цело време тврди дека одговорен за смртта на Тамара е тогашниот министер Тодоров, кого 3 години го молела да ја прими и да и помогне за Тамара да замине на операција во странство, која чинеше 30.000 евра.

Тамара почина на 9 февруари 2015 година на 9 годишна возраст чекајќи Фондот за здравство да одобри нејзино лекување во странство.

Документите од Фондот со позитивен одговор до семејството во Велес пристигнаа неколку часа по нејзината смрт.

обвинение ОЈО Тамара Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.