Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хипер: Не треба да и се дава легитимитет на руската инвазија врз Украина со присуство на парадата во Москва на 9-ти мај 

0
By Zoran Ivanov on April 16, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 16, 2025 14:25

Во сегашниот контекст Русија го користи одбележувањето на крајот на Втората светска војна за да ја оправда својата агресија врз Украина, така што е важно да не се дава легитимитет на тоа со учество на вакви настани, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер во врска со најавите за присуство на словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај во Москва.

Всушност имаме и одлука на Советот за ова, со која земјите членки, вклучително и Словачка, во 2022 година се согласија до одбијат такви покани, додаде Хипер.

На прашање дали евентуалното присуство на Вучиќ на парадата во Москва би имало влијание врз Србија и нејзиниот европски пат, портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие изјави дека не би сакал да шпекулира што би можело да следи по ваква посета.

Она што можам да го кажам е дека Србија аплицираше и преговара за нејзино членство во ЕУ. Ваквата одлука на Србија имплицира дека земјата треба да се усогласи со ЕУ, вклучително и во однос на надворешната политика. Така, ЕУ сака Србија да биде сигурен европски партнер за заедничките принципи, вредности, безбедноста и просперитетот и потребно е Србија да не увери во ваквата стратешка позиција, рече Мерсие.

На прашање дали е подготвен „некаков одговор или казна“ за Фицо доколку присуствува на парадата во Москва, заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста кусо одговори дека не е во надлежност на Европската комисија да ги казнува шефовите на држави или влади.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во понеделникот на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи во Луксембург изјави дека министри од повеќе земји членки на Унијата порачале дека секое евентуално учество на претставници на државите од Западниот Балкан на парадата на 9 мај во Москва, нема да биде прифатено благонаклоно од европска страна, имајќи предвид дека сега Русија води тотална војна во Европа.

Многу јасно ставивме до знаење дека не сакаме ниту една земја кандидат да учествува на овие настани на 9 мај во Москва. Пораката беше многу јасна, изјави Калас.

На ваквата изјава вчера реагираше словачкиот премиер Фицо оквалификувајќи ја како „непочитување“ и „закана“.

Одам во Москва на 9 мај. Дали предупредувањето на г-ѓа Калас е форма на уцена или е навестување дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но, знам дека е 2025 година, а не 1939 година, наведе Фицо во објава на социјалните мрежи.

Фицо додаде дека „предупредувањето“ на Калас потврдува оти на ЕУ и е потреба дискусија околу суштината на демократијата и за тоа „што се случи во Романија или во Франција околу претседателските избори и за „Мајданите“ оркестрирани од Западот во Грузија или Србија“.

Би сакал да ве информирам дека јас сум легитимниот премиер на Словачка – суверена земја. Никој не може да ми диктира каде смеам или не смеам да патувам. Ќе одам во Москва да им оддадам почит на илјадниците војници на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на Словачка, како и на милионите други жртви на нацистите, исто како што им оддадов почит на жртвите на десантот во Нормандија, на Пацификот или како што ќе ја наведнам главата во чест на пилотите на РАФ, наведе Фицо во објавата.

 

деветти мај ЕУ Москва Фицо хипер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.