Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандија и еутаназијата: бараат да бидат усмртени оти имаат аутизам или интелектуална попреченост

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2023 14:58

Неколку луѓе со аутизам и интелектуална попреченост биле легално еутаназирани во Холандија во последниве години бидејќи рекле дека не можат да водат нормален живот, откриле истражувачите на оваа контроверзна практика.

Во случаите се опфатени пет лица помлади од 30 години кои го навеле аутизмот или како единствена причина или како главен фактор во нивното барање да бидат легално усмртени, поставувајќи непријатен преседан за кој некои експерти велат дека ги преминува границите на она што законот првично го предвидуваше.

Во 2002 година, Холандија стана првата земја што им дозволи на лекарите да убиваат пациенти на нивно барање доколку исполнуваат строги услови, вклучително и неизлечива болест што предизвикува „неподносливо“ физичко или ментално страдање.

Помеѓу 2012 и 2021 година, речиси 60.000 луѓе биле убиени на нивно барање, според холандскиот владин комитет за ревизија на еутаназијата. За да покаже како се применуваат и толкуваат правилата, комитетот објави документи поврзани со повеќе од 900 од тие луѓе, од кои повеќето биле постари и имале болести, вклучувајќи рак и Паркинсонова болест.

Меѓу 900-те лица со јавно објавени причини за доброволната смрт, 39 од нив биле аутисти и/или интелектуално попречени. Неколку биле постари, но 18 од нив биле помлади од 50 години. Многу од пациентите навеле различни комбинации на ментални проблеми, физички заболувања, болести или тешкотии поврзани со стареењето како причини за барање да бидат усмртени. Триесет од нив ја навеле осаменоста како една од причините за нивната неподнослива болка. Осуммина рекле дека единствените причини за нивното страдање се фактори поврзани со нивната интелектуална попреченост или аутизам – социјална изолација, недостаток на стратегии за справување или неможност да го прилагодат своето размислување.

Други земји, вклучително и Белгија, Канада и Колумбија, имаат легална еутаназија, но Холандија е единствената што споделува детални информации за потенцијално контроверзните смртни случаи, обезбедувајќи го најдобриот увид во новите трендови во потпомогнатото умирање.

Помеѓу осумте пациенти наведени од истражувачите имало и аутистичен маж во неговите 20-ти. Неговиот запис вели дека „пациентот се чувствувал несреќен уште од детството“, бил редовно малтретиран и „копнеел за социјални контакти, но не бил во можност да се поврзе со другите“. Човекот, кој не е именуван, избрал да биде усмртен откако рекол дека „да се живее со години на ваков начин е одвратно“.

Во записите имало и аутистична жена во нејзините 30-ти, која исто така имала психичко растројство. Ѝ било понудено место во специјализиран центар, но нејзините лекари рекле дека не можела да одржува врски и се жалела дека контактот со други луѓе и е „премногу тежок“.

Претставник на Кралската холандска медицинска асоцијација вели дека е на лекарите да одлучат дали некој ги исполнува критериумите за еутаназија. Категоријата на луѓе кои бараат еутаназија и во Холандија и во Белгија се сменила во последните две децении. Кога беше легализирана еутаназијата, таа била пред се наменета за луѓе со рак, а не за луѓе со аутизам.

извор: Асошиетед прес

подготви: С.К.

 

еутаназија Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.