Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХРВ до ЕУ и Велика Британија: Не го третирајте Балканот како „магацин за мигранти“

0
By Zoran Ivanov on May 26, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 26, 2025 17:10

Невладината организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) нагласи дека Брисел и Лондон треба да престанат да го третираат Балканот „како магацин за мигранти“ и да ги преиспитаат своите планови да ги претворат третите земји во такви магацини за да испраќаат баратели на азил таму.

Кон средината на март, ЕУ го отвори патот за создавање центри за мигранти надвор од своите граници, преку механизам што им овозможува на земјите-членки да ги отворат овие центри во земји надвор од ЕУ за да ги испратат таму луѓето чие барање за азил е одбиено или кои се принудени да ја напуштат нивната територија.

Два месеци подоцна, британскиот премиер Кир Стармер објави дека започнал разговори за создавање на овие „центри за враќање“ надвор од Обединетото Кралство.

Иако не прецизираше со кои земји ги започнал овие разговори, Балканот е главна цел: Стармер оттогаш разговараше со Албанија, која веќе е домаќин на центри за враќање на бегалците што пристигнуваат од Италија. И Обединетото Кралство минатата недела објави инвестициски пакет од шест милијарди евра во Северна Македонија.

Наместо да го третираат Балканот како депонија за мигранти, ЕУ и Велика Британија би можеле да играат важна улога преку поддршка на развојот на функционални системи за азил, соопшти денес Хјуман рајтс воч, фокусирајќи се особено на ситуацијата во Босна.

Меѓународната заедница треба да ѝ помогне на оваа земја „да го подобри она што веќе е воспоставено за заштита на барателите на азил и мигрантите, а не да ја охрабрува да презема мерки што само ќе ги влошат работите“, продолжува ХРВ.

Додавањето на баратели на азил, одбиени од Велика Британија или евентуално од Европската Унија, во веќе проблематичниот систем за притвор во Босна само би ги влошило постојните проблеми и би ги зголемило ризиците од злоупотреба, објаснува Хју Вилијамсон, директор на невладината организација за Европа и Централна Азија, кој исто така зборува за ограничен пристап до адвокати и недостаток на физичка активност и свеж воздух.

Невладината организација потсетува дека во 2023 година, Босна им признала статус на бегалец само на четири лица – од 147 апликации.

Според Високиот комесар на ОН за бегалци, цитиран во соопштението, „иако законот за азил на земјата предвидува разгледување на барањата во рок од шест месеци, честопати се потребни шест месеци само за почетно интервју и до 344 дена за одлука. „Додека чекаат на оваа одлука, барателите на азил во суштина се без права“.

 

бегалци бритабија ЕУ камп хрв
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.