Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 1.242 случаја на ковид-19, па вкупниот број во земјата сега изнесува 29.265. Меѓу нив, 1.888 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а на респиратори се приклучени 246.
Хрватска за изминатото деноноќие пријави и 46 починати лица.
Од 25 февруари лани, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, до денеска се евидентирани 502.569 заболени лица од кои 9.546 починаа, а 463.758 оздравеа.