Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска втора по смртност од рак во ЕУ

0
By Jane Gjorgioski on February 2, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2023 18:10

Во 2019 година, во Хрватска се регистрирани 311 смртни случаи од рак на 100.000 жители, 25 отсто повеќе од просекот во ЕУ. Полошо е само во соседна Унгарија, јави Хина.

Најчести причини за смртност од рак кај мажите во 2019 година биле ракот на белите дробови, вклучително и душникот  (2.013 смртни случаи), дебелото црево (1.264) и простатата (809). Кај жените, најчести причини биле ракот на белите дробови (870 смртни случаи), рак на дебелото црево (839) и рак на дојката (757).

Проценетата инциденца на рак во Хрватска е приближно еднаква на просекот на ЕУ, но Хрватите учествуваат многу помалку од просекот на Унијата во програмите за рано откривање на рак на дојка, грлото на матката и дебелото црево. Жителите во руралните области и оние со понизок степен на образование и приходи реагираат поретко, велат од ОЕЦД.

Во извештајот се наведува и дека Хрватска има повисока стапка на лица со прекумерна тежина од која било друга земја-членка на ЕУ и е на самиот врв според процентот на пушачи.

Пушењето, прекумерната тежина и дебелината и загадениот воздух се повисок ризик фактори за рак во Хрватска отколку во другите земји-членки на ЕУ.

„Квалитетот на лекувањето на ракот во Хрватска е понизок отколку во другите земји-членки на ЕУ. ИХМЕ проценува дека во 2019 година од рак се изгубени 282.113 години живот или 6.641 на 100.000 жители, 15 отсто повеќе од просекот на ЕУ од 5.717 во истата година“.

Во исто време, вкупните трошоци за лекување на рак се за 11 отсто повисоки од просекот во блокот.

Во извештајот се предупредува дека „недостигот на здравствени работници и медицинска опрема го ограничуваат пристапот до третман на рак“ во Хрватска.

ЕУ канцер Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.