Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И дијаспора дојдена на референдум против рудник во Ново Село

0
By Сашка Цветковска on September 17, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 17, 2017 12:52

Референдумот во општина Ново Село на кој што граѓаните треба да кажат дали се согласуваат со работата на рудникот во Иловица во моментов тече задоволнително, а излезноста досега е далеку поохрабрувачка од онаа во Босилово, информираат активистите од иницијатива „Здрава Котлина“. На социјалните мрежи иницијаторите на референдумот се пофалија дека во Ново Село дошле и припадници на македонската дијаспора во Швајцарија.

Нашите апели кон жителите на Општина Ново Село кои работат во странство вродија со плод, па така на повеќе избирачки места го остваруваат своето гласачко право со желба за успех на Референдумот и за спас на Струмичката котлина од рудникот на смртта во Иловица.

Иницијаторите се загрижени за излезноста и се лути што избирачките списоци се непрочистени.  Според нив Општина Ново Село има вкупно 11438 гласачи, меѓутоа околу 40% проценти од нив не се присутни бидејќи се на работа во странство. Токму затоа и се решиле да апелираат до дијаспората да помогнат во излезноста.

Проценката е дека моментално во општината се присутни околу 7000 гласачи, а за достигнувањето на референдумскиот цензус од 50%+1 гласачи потребно е да гласаат околу 5720. Изгледа тешко, но не и невозможно, велат тие.

Досега се одржаа серија референдуми низ Источна Македонија каде што се планирани десетици рудници на две компании – Сардич и Еуромакс. Речиси сите референдуми досегаа минаа со обвинувања за притисоци врз гласачите да не излегуваат на гласање . Ниту едно прашање не беше адресирано од институциите, а владата спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер одбива да го обелодени договорот за  Еуромакс  со образложение дека новинарите “погрешно ќе го толкувале“.

https://www.facebook.com/zdravakotlina/videos/651879968354467/

Ново Село референдум Стоп за рудниците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.