Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И партиите сега директно погодени од Ковид-19

0
By Нова ТВ on June 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата со епидемијата во земјата во моментот е драматична. Тоа бара и бројни вонредни мерки. Македонската влада, во рамки на справувањето со Ковид-19, сега ги удри по џебот и политичките партии, пишува „Дојче Веле“.

Македонската влада синоќа одлучи дека четири милиони евра од Буџетот наменети за финансирање на партиите, ќе ги употреби за борба со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Тоа е околу четири петини од предвидените пари во државниот буџет за 2020 година за финансирање на парламентарните политички партии.

Владата во Скопје на предлог на министерството за правда донесе уредба со законска сила, со која значителен дел од парите ќе се пренаменат за борба со последиците од Ковид-19, наместо да бидат исплатени на партиите.

Според оваа уредба, парламентарните политички партии од буџетот за финансирање ќе добијат само 0,04 отсто, наместо 0,15 насто.

„Ако требаше на партиите да им бидат исплатени 320 милиони денари, со оваа уредба со законска сила на партиите во 2020 година треба да им се исплатат вкупно 71.480.556 милион денари. Изразено во евра, околу 4 милиони евра ќе бидат пренаменети во буџетот за борба со последиците од пандемијата, а за политичките пратии останува малку повеќе од еден милион евра, кои ќе бидат распоредени во согласност со законските процеси“, наведе Министерството за правда.

Инаку во јуни епидемијата во земјата доби драматиччни димензии. Бројот на досега дијагностицирани случаи на Ковид-19 се приближува до бројката од 5.000 а директно или индиректно од болеста починаа 222 лица. Активни случаи има 2.735 со околу 40 кластери ширум земјата, од кои најголем број се во главниот град.

Влада Коронавирус кратење партии уредба финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.