Деветгодишното момче кое на 3 декември падна од згарада во скопска Кислеа Вода има повече повредени органи и скршеници, но е во стабилна состојба.
Детето е на интензивна нега со стабилни витални параметри. Има повреди на главата, рамото, белите дробови, фрактури на ребрата и карлицата. Дише самостојно со кислородна поддршка, а засега нема потреба од оперативен зафат, информираше в.д. директорот на Клиниката за детска хирургија – д-р Лазар Јовчески.
Тој нагласи дека, иако состојбата е стабилна, лекарите се претпазливи поради сериозноста на повредите и деновиве се прават дополнителни испитувања.
Инцидентот се случил во вторникот околу 19:40 часот. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека 69-годишна жена загинала на самото место, додека детето било итно пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Засега нема информации за причините за несреќата.