Ветеринарите од вторник 17 мај стапуваат во штрајк. Тие остануваат на своите работни места, ќе примаат домашни миленици и ќе се вршат прегледи и на стока за која има потреба но нема да одат на терен да земаат крв за бруцелоза и други испитувања, нема да издаваат сартификати потребни за да се носи стока на добиточните пазари и нема да се вршат пописи кои се важни за сточарите да добијат субвенции.

До огромниот револт кај ветеринарите дојде откако последните месеци интензивните преговори не дадоа никаков резултат и цените по кои ти ги извршуваат годишните нареди на државата останаа ниски во услови кога сите трошоци за нафта, за плата на вработените и другите давачки неколку кратно се зголемени.