Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Тантуровски реизбран за претседател на Антикорупциска комисија

2
By Нова ТВ on April 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 13, 2017 14:41

Игор Тантуровски уште една година ќе биде на чело на Антикорупциската комисија. На денешната седница членовите на комисијата едногласно го избрале Тантуровски повторно за претседател, соопштија од ДКСК.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата се избира од редот на постојните членови на ДКСК, со мандат од една година, со право на уште едно именување.

Игор Тантуровски во 2012 година беше на списокот на донатори на ВМРО-ДПМНЕ со донирани 60.000 денари, но според него тоа не зборува за неговата партиска независност како основен законски предуслов по кој се бираат членовите на Комисијата.

„Тоа е јавно достапен податок и немам што да порекнува. Не знам каде ја гледате поврзаноста со партија, јас не гледам таква поврзаност, можам да се најдам како донатор за било што“, рече Тантуровски при неговиот избор за член на Комисијата.

Кредибилитетот на Антикорупциската комисија секоја година е во слободен пад. Тоа беше заклучокот и на извештајот на МЦМС што го презентираше минатиот месец, според кој десет пати се намалил бројот на пријави кои граѓаните ги поднеле до комисијата од 2006 до 2015 година, што значи дека кај граѓаните се намалува довербата во оваа институција.

Во 2007 година имало 1.114 пријави, додека во 2015 само 127 пријави за корупција поднесени од граѓаните.

Во изминатата година под водство на Тантуровски не е отворен ниту еден случај за корупција на функционери од власта.

 

 

Антикорупциска комисија Игор Тантуровски Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.