Најголем процент (25,9 отсто) од новозаболените со Ковид-19 во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на инфицирани се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години (18,4 отсто), од 40 до 49 години (17,9 отсто), а од 50 до 59 години (17,2 отсто), покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.
Во истиот период се регистрирани 25 смртни случаи, а кај најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години (56 отсто). Кај 19 од смртните случаи (76 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети.