Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: За 38,3 отсто повеќе починати од ковид-19 во минатата недела, а 1.558 граѓани повторно се заразиле

0
By НОВА ТВ Balaban on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 1, 2022 11:29

Согласно новиот алгоритам „оздравени“ се 13.041 лице во болнички услови или на домашно лекување, а просечно 30,3 отсто од тестираните се позитивни, или секој трет   

За речиси 40 отсто е зголемен бројот на починати од ковид-19 во периодот од 24 до 30 јануари во однос на претходната недела – пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови. Најголем број од починатите, 132 лица, биле постари од 60 години, 12 лица биле на возраст од 50 до 59 години, а по двајца имале меѓу 40 и 49 години и 20 и 29 години, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантата (B1.1.529). 

Повеќе позитивни – просечно 30,3 отсто, ама помалку заболени

Тестирани се вкупно 38.518 материјали во лабораториите за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,0 % во однос на минатата недела. Регистрирани сe 11.916 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 2,7% во однос на минатата недела (n=11.598).

Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.033; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7 на 100.000 лица.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.636, 22,1%) и 30-39г (n=2.635, 22,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=257; 2,2%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 11,0%  кај возрасната група од 10-19г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 50-59г со 3,3% и над 60г со 25,3% зголемување во однос на претходната недела.

Со ковид-19 повеќе се заразиле жени отколку  мажи 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.359 (53,4%) лица од женски и 5.557 (46,6%) од машки пол.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 13.041 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела.

Од 148 смртни случаи во текот на изминатата недела, најголем дел – 48, се од Скопје.

(Љ.Б.)

Извештај ИЈЗ Институтот за јавно здравје лабораторијата Омикрон варијантата Починати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.