Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: За една недела 147 смртни случаи од ковид-19, речиси 10.000 позитивни, а 1.340 повторно се заразиле

0
By НОВА ТВ Balaban on February 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 8, 2022 15:51

Благо опаѓа бројот на нови позитивни, повторно инфицирани и починати од коронавирусот во земјата. Нови 9.982 заразени од ковид-19 сe регистрирани во 35 градови во државата, што е намалување од 16,2 % во однос на претходната недела (n=11.910), повторно се инфицирале 1.340 граѓани или за 14 отсто помалку, а 147 лица починале од ковид-19, што е за 0,7 % помалку во однос на претходната недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот 31.01 до 06.02.2022.

Процентот на позитивност во изминатата недела се движел од 22,5% до 35,6%, или просечно 29,5%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а со коронавирусот најмногу се заразувале во Кавадарци – 1.069,1/100.000.

Тестирани биле вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Заболуваат лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата постари од 60 години (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмалку заболени има кај децата до 9 години (n=312; 3,1%), а се намалува и бројот на заболени кај речиси сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г.

Индексoт на заразност најнизок во Дојран, највисок во Дебар

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 5.357 (53,7%) лица од женски и 4.625 (46,3%) од машки пол.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0%  во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

Зголемена е инциденцата во 15 градови во државата, а најголемо намалување на инциденцата во последните две недели се забележува во Крушево, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Прилеп и Битола во однос на претходните 2 недели. Репродукцискиот број (R0), односно индексoт на заразност, се движи од 0,43 во Дојран до 1,44 во Дебар.

(Љ.Б.)

 

ИЈЗ Ковид-19 Реинфекции смртни случаи тестирани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.